Новиот Папа откриен во пророштво старо 900 години - трите кандидати носат исто име
По смртта на папата Франциск, кој почина од мозочен удар, во јавноста повторно се актуелизираше мистериозното пророштво старо 900 години – „Пророштвото на папите“. Овој ракопис, составен од 112 кратки фрази на латински, се верува дека го предвидува редоследот на папите од 1143 година, почнувајќи со Целестин II, па сѐ до последниот наречен „Петар Римјанинот“, кој треба да владее во време на голема неволја, пред уништувањето на Рим и крајот на црквата. Некои верници тврдат дека следниот папа веќе е предвиден во документот, додека други го поврзуваа и самиот Франциск со „Петар Римјанинот“ поради неговото италијанско потекло и родовото име – Џовани ди Пјетро ди Бернардоне. Интересно е што меѓу деветте фаворити за нов папа, тројца носат име Петар, според податоци на Ројтерс.
120 кардинали ќе гласаат за идниот Папа
Следниот папа ќе биде избран од конклавата, тело составено од 120 кардинали под 80-годишна возраст, кои ќе гласаат во Ватикан. Дневно ќе се одржуваат по четири гласања, а по 30 кругови остануваат само двајца кандидати. Победникот мора да добие двотретинско мнозинство. Процесот мора да почне во рок од 20 дена по смртта и обично трае околу една недела.
Сомнежи за автентичноста на пророштвото
„Пророштвото на папите“, кое се припишува на Свети Малахие, тврди дека последниот папа ќе биде сведок на судниот ден. Последниот запис гласел: „Во последното гонење на Светата Римска Црква, ќе владее Петар Римјанинот, кој ќе го пасе своето стадо меѓу многу маки. Потоа ќе биде уништен градот со седум ридови и Страшниот Суд ќе ги суди луѓето. Крај“. Иако некои веруваат во автентичноста на пророштвото, многу историчари сметаат дека текстот е фалсификуван околу 1590 година, кога и бил откриен, и дека предвидувањата по тој период се премногу нејасни за да се потврдат.