No Image x 0.00 + POST No Image

Новиот iPhone ќе биде драстично поскап од прехотдните модели, поради новата политика на Трамп и големите царини

SHARE
0

Цената на најновиот iPhone би можела драстично да порасне поради новите царински мерки што ги воведува американскиот претседател Доналд Трамп во рамки на т.н. „Ден на ослободување“. Според проценките, производствената цена на iPhone би скокнала од 580 на 850 долари, а конечната продажна цена за моделот iPhone 16 Pro (256GB) би можела да достигне дури 3.500 долари – повеќе од тројно зголемување од сегашните 1.100 долари.

Новиот iPhone ќе биде драстично поскап од прехотдните модели, поради новата политика на Трамп и големите царини

„Нормално“, трошокот ќе им припадне на потрошувачите

Причината за ова драматично поскапување е што Apple ги произведува своите телефони во Кина, која сега е погодена со висока увозна царина од 54 проценти. Според аналитичарите, компанијата веројатно ќе ги префрли дополнителните трошоци на потрошувачите. Иако Трамп тврди дека царините ќе ја поттикнат домашната продукција, експертите предупредуваат дека префрлањето на производството во САД е речиси невозможно и економски неодржливо, поради потребата од увоз на суровини и драстично повисоките трошоци за работна рака. Само трошокот за склопување во САД би бил десет пати поголем од оној во Кина.

„Нормално“, трошокот ќе им припадне на потрошувачите

Економски конфликт помеѓу САД и Кина

Од Apple засега нема официјален коментар за можните ценовни корекции. Трамп ги објави новите мерки на „Денот на ослободување“, прогласувајќи дека економските практики на странските држави претставуваат национална закана. Сите земји ќе бидат погодени со најмалку 10 проценти царина на увоз во САД, а над 90 земји, вклучително и Кина, ќе се соочат со дополнителни „реципроцитетни“ тарифи – мерки што имаат за цел да го урамнотежат билансот на трговијата на САД со секој трговски партнер. Кина веќе одговори со сопствени царини од 34 проценти на увозот од САД, со што се интензивира економскиот конфликт. Експертите предупредуваат дека продолжувањето на оваа ескалација може да доведе до трговска војна со сериозни последици за двете економии.

Економски конфликт помеѓу САД и Кина