Нови истражувања: Јатките и семките треба да бидат дел од нашата секојдневна исхрана, велат нутриционистите
Водечки нутриционист предлага револуционерна промена во здравствениот совет за петте овошја и зеленчуци дневно – јатките и семките да станат рамноправен дел од препораката. Дали ова може да биде клучот за контрола на хроничните болести?
In This Article:
- Истражување открива: Луѓто се соочуваат со недостаток на есенцијални хранливи состојки, a хроничните болести растат
- Потребна е промена во препораките: Јатките, семките и сушеното овошје да влезат во препораките
- Заматеноста околу правилата: 18% од луѓето не знаат кои намирници влегуваат во „пет на ден“
- Недоверба и скептицизам: Tретина мислат дека петте препорачани порции се претерување, четвртина не веруваат во ефектите на здравјето
- Витамин Д, Омега-3 и железо – најчесто недостасуваат поради недостаток на овошје и зеленчук
- Секој петти има здравствен проблем поради исхраната, а половина се загрижени дека состојбата ќе се влоши – најчеста пречка e борбата со нездрава храна
Истражување открива: Луѓто се соочуваат со недостаток на есенцијални хранливи состојки, a хроничните болести растат
Во својот извештај, д-р Макс Гоуланд потенцира дека Велика Британија, а со тоа и многу земји од регионот, се соочуваат со растечка здравствена криза поттикната од лошите навики во исхраната и недостаток на клучни микрохранливи материи. Околу 80% од населението секојдневно не добива доволно четири неопходни хранливи материи.
Потребна е промена во препораките: Јатките, семките и сушеното овошје да влезат во препораките
Иако овие производи се вклучени во државните препораки, нивните здравствени придобивки сè уште се потценети. „Време е да ги ажурираме насоките и да ја препознаеме вредноста на многу поширок спектар на хранливи продукти како јатки и семки, кои од мала порција обезбедуваат големи здравствени ефекти", вели Баз Гуд од „Витвортс“, кој ја нарачал студијата и работи со д-р Гоуланд.
Заматеноста околу правилата: 18% од луѓето не знаат кои намирници влегуваат во „пет на ден“
Дополнително истражување спроведено на 2000 возрасни покажува дека речиси петтина од испитаниците или ретко или никогаш не остваруваат пет порции овошје и зеленчук дневно. Истата бројка не знае точно што сè се смета во оваа квота, а дури 28% се убедиле себе дека одредена намирница важи, затоа што им се јаде.
Недоверба и скептицизам: Tретина мислат дека петте препорачани порции се претерување, четвртина не веруваат во ефектите на здравјето
Една третина од оние кои не се придржуваат кон „пет на ден“ сметаат дека препорачаната количина е претерана, а повеќе од четвртина не веруваат дека има големо влијание врз здравјето. Д-р Макс Гоуланд посочува: „Само една малечка шепа јатки, семки и сушено овошје секојдневно може да направи вистинска разлика за здравјето на нацијата. Овие продукти се богати со основни витамини, минерали и здрави масти кои помагаат во затворање на нутриционистичкиот јаз што постои кај многумина.“
Витамин Д, Омега-3 и железо – најчесто недостасуваат поради недостаток на овошје и зеленчук
Главните хранливи состојки за кои луѓето сметаат дека не ги добиваат доволно се витамин Д (29%), Омега-3 и здравите масти (23%), како и железо (22%). Најчесто, како причина за овој недостиг се наведува малата консумација на овошје и зеленчук.
Секој петти има здравствен проблем поради исхраната, а половина се загрижени дека состојбата ќе се влоши – најчеста пречка e борбата со нездрава храна
Дури 21% од испитаниците признаваат дека имаат здравствен проблем поврзан со исхраната, а половина од нив се сомневаат дека ситуацијата ќе се влоши. 36% велат дека не успеваат да водат здрава исхрана, а други 34% најмногу стравуваат дека нема да можат да одолеат на нездрави намирници. Речиси една петтина (18%) изјавиле и дека имаат ограничено знаење за тоа како да го контролираат здравјето преку исхраната.