Новата вакцина против двата најсмртоносни карциноми покажува надеж - ракот на панкреасот и дебелото црево конечно може да биде победен!
Панкреасниот и колоректалниот карцином важат за едни од најтешките за третман и имаат висока стапка на повторна појава и по терапијата. Но, новата вакцина ELI-002 2P носи свежа надеж со импресивни резултати од првите клинички испитувања.
In This Article:
- Вакцината ELI-002 2P таргетира 93% од панкреасните и 50% од колоректалните карциноми со KRAS мутации
- Раните резултати: 84% развиле силен имунитет, а кај 24% туморот бил целосно исчезнат
- „Оф-шелф“ вакцина што нема потреба од индивидуално прилагодување
- Вакцината би можела да донесе револуција и во третманот на други видови рак
Вакцината ELI-002 2P таргетира 93% од панкреасните и 50% од колоректалните карциноми со KRAS мутации
Вакцината, креирана од американски истражувачи, е насочена кон специфични генетски мутации на KRAS генот – кај дури 93% од панкреасните и 50% од карциномите на дебелото црево. Новиот систем на достава ја насочува активната супстанца директно кон лимфните јазли, каде што се држат клучни имуни клетки.
Раните резултати: 84% развиле силен имунитет, а кај 24% туморот бил целосно исчезнат
Во клиничкото испитување, 20 пациенти по операција за панкреасен и 5 за колоректален карцином примиле серија инјекции. Дури 84% од нив создале Т-клетки насочени против мутираниот KRAS ген, а кај 24% од учесниците сите траги од туморот биле исчистени. Најголемиот дел од тие со најсилен имун одговор останале без повторна болест – во просек речиси 20 месеци. За овие агресивни канцери, тоа е извонредно.
„Оф-шелф“ вакцина што нема потреба од индивидуално прилагодување
ELI-002 2P се произведува како стандарден производ, без потреба од скапи и сложени персонализирани процеси. Тоа значи побрза и поедноставна достапност за болните, што е особено важно каога се работи за многу смртоносни болести со висока стапка на рецидив.
Вакцината би можела да донесе револуција и во третманот на други видови рак
Тековните тестирања даваат охрабрувачки знаци дека ELI-002 2P може да ја „тренира“ имуната одбрана и за други мутации во туморите. Ова ја отвора вратата за подолг и поквалитетен живот и за други пациенти во иднина. Истражувачите со оптимизам гледаат на потенцијалот ова достигнување да се прошири на многу повеќе случаи и видови рак.