Њујорк воведе закон: Терминално болните ќе можат сами да одлучат кога ќе го завршат животот
Њујорк стана една од американските држави што дозволуваат медицинска помош при умирање, откако на 5ти Август сила стапи Законот за медицинска помош при умирање (Medical Aid in Dying Act). Со новите правила, терминално болните пациенти кои исполнуваат строго утврдени услови ќе можат да побараат рецепт за лек што самите ќе го земат за да го забрзаат крајот на животот и да си ги скратат страдањата.
Законот не се однесува на сите пациенти
раво на оваа постапка ќе имаат само полнолетни лица кои се ментално способни да донесуваат одлуки и кај кои двајца лекари ќе потврдат дека боледуваат од неизлечива, терминална болест и дека според медицинските проценки им преостануваат шест месеци или помалку живот. Еден од најважните услови е пациентот самостојно да го земе препишаниот лек. Законот не дозволува друго лице да го администрира.
Постапката вклучува повеќе заштитни механизми
Постапката вклучува повеќе заштитни механизми, меѓу кои барање од пациентот, потврда од двајца лекари и дополнителни медицински проверки доколку постои сомнеж во неговата способност самостојно да донесе одлука. Поддржувачите на законот сметаат дека тој им овозможува на терминално болните достоинствен избор во последните денови од животот и намалување на неподносливото страдање. Од друга страна, противниците предупредуваат на етичките дилеми и можните ризици од злоупотреба, поради што оваа тема со години предизвикува жестоки дебати во САД. Со усвојувањето на овој закон, Њујорк им се приклучува на повеќе американски држави во кои медицинската помош при умирање веќе е законски дозволена под строго дефинирани услови.