Едноставниот трик со којшто секогаш ќе можете да направите мек и неверојатно вкусен леб од банана
Секој е разочаран кога од рерна ќе извади густо или суво бананово лепче од банана, наместо место задоволство. Кулинарската експертка Сенди Коглин открива дека само еден неочекуван додаток – ќе ви го промени рецептот целосно. А, тоа е, павлаката...
In This Article:
Павлаката е клучот
Лепчето од банана е тешко тесто, па му треба нешто што ќе му даде леснотија. Соединувањето на сода бикарбона со павлака му овозможува на тестото да нарасне високо и да стане воздушесто. Без павлака, содата нема да реагира доволно – и ќе добиете тврдо, густо лепче наместо нежен десерт.
Како точно се користи: Совети од Сенди Коглин
„Сакате да го знаете тајниот трик? Додадете сода бикарбона во павлаката и измешајте. Таа комбинација кога ќе ја додадете во другите состојки е тајната за влажно, меко, феноменално лепче!“, објаснува Сенди Коглин. Павлаката не го праи лепчето само високо, туку дава и кремаст вкус, деликатна структура и помага да се испече рамномерно со убава златеста кора.
Рецепт чекор по чекор: Од подготовка до совршено печење
1. Загрејте ја рерната на 180°C. 2. Подмачкајте калап за лепче (23см) и набрашнете го. 3. Во голем сад изматете путер и шеќер додека не стане пенливо. Додајте ги јајцата. 4. Постепено додавајте брашно и сол, измешајте убаво. 5. Во друг сад, измешајте една лажичка сода бикарбона со 120 г павлака. Промешајте, па додадете пасирани банани, сечкани ореви, ванила и бадемов екстракт. 6. Истурете ја смесата со павлака во садот со брашното. Измешајте се заедно. 7. Ставете во калапот и печете 50 минути. Оставете 10 минути да се олади па уживајте во совршено лепче што се топи во уста.