Поранешната девојка на серискиот убиец Тед Банди, открива зошто не можела да им поверува на неговите злосторства: „Ние бевме глувци за него“
Елизабет Клепфер, поранешната девојка на прочуениот сериски убиец Тед Банди, пет години живеела во свет исполнет со љубов, страст и постојани манипулации – додека тој извршувал стравични злосторства. Долги години таа одбиваше да верува во неговата вина, дури и кога доказите беа неоспорни. Ова е болната исповед за животот покрај ѕвер.
In This Article:
Тед Банди уби најмалку 30 жени, беше осуден на смрт и стана култен ужас во поп-културата
Тед Банди силуваше, мачеше и уби околу 30 жени, иако идентификувани беа само 20 жртви. Осуден е на смрт и извршена е казната на електричен стол на 24 јануари 1989 година. Денес, неговото име е неразделен дел од филмови, серии, книги и документарни проекти за злосторствата што ги има сторено.
Затворена во себе, воспитана да биде покорна
Родена во 1945 година, Елизабет потекнува од семејство на лекар и медицинска сестра, и е крстена во мормонската црква, каде девојките ги учат на потчинетост и тишина. По тинејџерските години поминати во алкохол и ненадејна бременост, таа го родила детето Моли во 1966 година. Разведена, во 1969 година се преселува во Сиетл и почнува нов живот. Случајната средба во бар со Тед Банди го менува нејзиниот живот засекогаш.
Години на манипулација и двојна реалност
Елизабет и Тед почнуваат со романса што брзо се интензивира. Банди се претставува како шармантен и грижлив за нејзината ќерка, дури и готви појадоци и ја чува. Но, одбива брак, а односите стануваат се поладни. Нејзините сомнежи растат: Елизабет анонимно пријавува во полиција дека Тед може да е поврзан со исчезнувањата на млади жени, но полицијата не го зема за сериозен осомничен. Прв пат пријавува во 1974 година, откако на телевизија гледа полициски цртеж и автомобил каков што има Банди. Многупати повторно се јавува, но вистината е предалеку за тие години. Конечно, по години тајни и страв, доаѓа пресвртот.
Признанието во затвор и болната вистина
Дури во 1977 година, откако веќе е зад решетки, Банди ѝ признава: „Јас сум болен човек“. Дури и тогаш, Елизабет била во шок и и требало време да ја прифати страшната реалност. Адвокатот на Банди имал теорија зошто тој ги поштедил неа и Моли – но, таа верува дека и тие биле дел од неговиот план само подоцна, како експериментални глувци. По егзекуцијата на Банди, животот на Елизабет станува нова приказна – се откажала од алкохолот, посетувала терапија, работела за заштита на животни и го раскажала ужасот во нејзините мемоари. Подоцна нејзината приказна станува филм, а Елизабет конечно наоѓа мир и прифаќа дека и е најдобро сама.