No Image x 0.00 + POST No Image

Невеста останала парализирана на својата свадба – стресот од организацијата ѝ ги сруши соништата

SHARE
25

Невестата Кели Стич вложила 50.000 долари за својот „ден од соништата“, но свадбата се претворила во медицински кошмар – останала парализирана на лицето, неспособна да се насмевне додека чекори по патеката. Ретка состојба, истата што ја имаше и Џастин Бибер, го одбележала нејзиниот најважен ден.

Невеста останала парализирана на својата свадба – стресот од организацијата ѝ ги сруши соништата

Стресот од свадбената организација предизвикл редок невролошки синдром – Рамзи Хант

Кели, фризерка од Чикаго, била дијагностицирана со синдромот Рамзи Хант - ретко заболување каде што вирусот на херпес зостер ги напаѓа нервите на лицето и предизвикува слабост од една страна, слухови проблеми и болки. Лекарите го поврзуваат наглиот пад на здравјето со стресот од подготовките: „Стресот од свадбата дефинитивно го предизвика ова“, вели Кели.

Стресот од свадбената организација предизвикл  редок невролошки синдром – Рамзи Хант

Повеќе од 96% младенци чувствуваат сериозен стрес при планирање на свадба

Анкети покажуваат дека 96% од идните младенци доживуваат стрес при организирање свадба, а 40% од испитаниците сметаат дека тоа е „екстремно стресно“. Од финансиите, гостите, до листата со задачи, притисокот може да има здравствени последици. Младите брачни парови во САД трошат просечно околу 24.000 евра на скапи прослави – цена која честопати го надминува душевниот мир.

Повеќе од 96% младенци чувствуваат сериозен стрес при планирање на свадба

Симптомите: болка, воспалено уво, повраќање и – целосна парализа на десната страна од лицето

Кели чувствувала слабост една недела пред судбоносниот ден: болка во увото, оток, замор, повраќање. Преку ноќ, нејзината десна страна на лицето повеќе не се движела – дури и нејзиното око се парализирало. Место да ужива на пробната вечера, завршила под интензивна лекарска нега. И покрај лошата состојба, одбила да ја откаже свадбата. Со помош од шминкер и пријателки, ја прикрила парализата, но радоста била замрачена од болката.

Симптомите: болка, воспалено уво, повраќање и – целосна парализа на десната страна од лицето

Кели испраќа порака: „Не дозволувајте стресот од подготовките да ви го уништи најсреќниот ден“

Денови по свадбата, кај Кели беше потврден синдромот Рамзи Хант. Со текот на времето, мобилноста се вратила. Денес, таа ги советува идните невести: „Бидете благодарни што подготвувате свадба и не дозволувајте грижите за детали да ве уништат – не сакате да завршите парализирани како мене. Навистина научивме што значи „во болест и во здравје“ уште од почетокот на бракот“.

Кели испраќа порака: „Не дозволувајте стресот од подготовките да ви го уништи најсреќниот ден“