No Image x 0.00 + POST No Image

Неверојатно откритие на Марс: Роверот „Кјуриосити“ откри камен што изгледа како корал – Дали Марс некогаш бил полн со живот?

SHARE
25

Роверите на Марс продолжуваат да испраќаат зачудувачки фотографии од своите истражувања. На една од последните снимки, Роверот „Кјуриосити“ сними камен со облик што наликува на корал. Ова откритие повторно го отвора прашањето: дали некогаш Марс бил дом на течна вода – а можеби и живот?

Неверојатно откритие на Марс: Роверот „Кјуриосити“ откри камен што изгледа како корал – Дали Марс некогаш бил полн со живот?

Роверот „Кјуриосити“ забележа минерален камен во кратерот Џезеро, создаден пред милијарди години од вода и минерали

Роверот „Кјуриосити“ работи во кратерот Џезеро и таму фати неколку фотографии од необичниот камен. Според НАСА, ваквите минерални формирања се создадени пред милијарди години, кога на Марс имало течна вода. Минералите се растворале во водата, продирале низ пукнатини во карпите, а по испарувањето останувале во вид на затврдени наслаги.

Роверот „Кјуриосити“ забележа минерален камен во кратерот Џезеро, создаден пред милијарди години од вода и минерали

Вода и ветер: Преку исти природни процеси како на Земјата, Марсовата површина добива чудни форми

Вакви скулптури се создаваат кога вода и ветер ги обликуваат карпите – исто како што се случува на Земјата. Во минатото, на Марс имало долини, реки и езера, а денес е студена и сува пустина. Сега водата на Марс постои само како мраз на и под површината.

Вода и ветер: Преку исти природни процеси како на Земјата, Марсовата површина добива чудни форми

Тајната на исчезнатата марсовска вода: Дали испарила во вселената или се крие под површината?

Сѐ уште не се знае каде исчезнала водата од Марс. Една научна хипотеза вели дека поради слабата гравитација и разредената атмосфера, водата полека испарила во вселената. Друга претпоставува дека водата се заробила под површината на планетата, што го потврдуваат и последните наоди на НАСА – можеби под кората на Марс сѐ уште постојат океани од течна вода.

Тајната на исчезнатата марсовска вода: Дали испарила во вселената или се крие под површината?