Непознатиот вселенски „патник“ кој влегува во нашиот Сончев систем сега почна да си ја менува и бојата
Додека мистериозниот меѓуѕвезден објект 3I/ATLAS се приближува најблиску до Сонцето следниот месец, астрономите се воодушевени од неговото неочекувано однесување – оваа „комета од друга галаксија“ ја менува бојата пред нашите очи.
In This Article:
Објектот 3I/ATLAS претрпува драматични промени додека се доближува до Сонцето
Кога 3I/ATLAS му се приближува на Сонцето, неговиот опаш и големата атмосфера од гас и прашина (која се нарекува кома), се шират и менуваат. Тоа е очекувано кај кометите, но најновите телескопски податоци покажуваат дека овој објект е поразличен отколку што изгледа – неговата еволуција е чудна и досега невидена, велат научниците.
Од црвена во зелена: комата на 3I/ATLAS сега светнува со нова боја
Астрономот Мајкл Јегер и неговата екипа ги искористија темните неба за време на тоталното затемнување на Месечината во Намибија и фотографираа нешто неочекувано: комата на кометата од црвена стана зелена боја.
Научниците: Промената на бојата е последица на драстично зголемено излачување на цијанид и никел
Промената во светлината може да се должи на „нагло зголемување на продукцијата на цијанид“ – предупредува прочуениот астроном од Харвард, Ави Леб. Истражувањата покажуваат и дека никелот е во невидено висока концентрација во областа на кометата.
3I/ATLAS е невообичаена комета – или можеби нешто повеќе?
Леб ја нарекува оваа комета „аномалиска“ бидејќи 87% од нејзината маса ја сочинува јаглерод диоксид – сосема невообичаено за нашите познати ледени тела. Останува мистерија и нејзината траса низ вселената, која поминува близу Марс, Јупитер и Венера, а тоа ја прави уште поинтересна за научниците кои не исклучуваат ни вонземјанско потекло.