No Image x 0.00 + POST No Image

Чоколадни гриз коцки – совршен десерт за сите генерации

SHARE
25

Кога немате време, но сакате нешто слатко и посебно, овие гриз коцки се спас за секоја домаќинка. Овој рецепт за колач без печење ќе ве освои со својот кремаст вкус и чоколаден изглед, а најдобро од сè – се подготвува брзо, со достапни состојки и без рерна.

Чоколадни гриз коцки – совршен десерт за сите генерации

Состојки за совршени гриз коцки

Потребно за колачот: – 500 мл вода – 500 мл млеко – 20 г шеќер – 20 бисквити – 10 г чоколадо Потребно за кремот: – 1 литар млеко – 4 пудинга од ванила – 10 лажици шеќер (доколку сакате послатко, додадете повеќе) – 150 г маргарин – 200 мл слатка павлака За чоколадна глазура: – 15 лажици чоколадо – 3 лажици масло – 5 лажици маргарин – 2 лажици шеќер во прав – 5 лажици млеко

Состојки за совршени гриз коцки

Чекор по чекор до највкусниот чоколаден крем

Прво пригответе гриз како темел – измешајте гриз со вода, млеко и шеќер, па варете додека не се згусне. Додадете изрендано чоколадо и мешајте додека не се стопи и смесата да стане целосно чоколадна. Половина од течната смеса ставете во сад за печење премачкан со масло. За кремот, зовријте околу 700–800 мл млеко, а остатокот млеко измешајте со пудингот и шеќерот. Варете го на класичен начин, а потоа оставете да се излади. Во студениот пудинг изматете маргарин и слатка павлака. Намачкајте врз подлогата од гриз. На крај, КОЛАЧОТ добро изладете го, па прелијте со глазурата што ќе ја спремите со топење чоколадо, масло, маргарин, шеќер во прав и млеко.

Чекор по чекор до највкусниот чоколаден крем

-->