Не ги прекинувајте дури и кога веќе знаете што ќе кажат
Понекогаш најголемата родителска помош не е советот. Не е ни брзото решение, ни обидот веднаш да се поправи ситуацијата. Детето во тој миг можеби не бара одговор, туку место каде што може да ја остави целата тежина на слученото.
In This Article:
Кога родителот сака да среди се, детето често сака само да биде слушнато
Немаат потреба да ги средите работите, да се вмешате и да се обидете да го поправите она што се случило, да ги прекорувате, да им кажувате како требало да постапат или пак да ги менувате нив самите – нивното однесување, нивните реакции.
Можеби погрешиле, но приказната прво треба да излезе од нив
Сослушајте мирно што имаат да ви кажат. Можеби погрешиле, можеби не се сетиле што требало да направат или да кажат, но тоа е веќе минато. Сега имаат потреба да споделат, да бидат чуени, да бидат поддржани и дури потоа дајте совет и поразговарајте смирено за она што се случило.
Целата приказна со сите поединости е патот до доверба
Оставете ги да ви ја раскажат целата приказна со сите поединости – дури и да знаете што ќе кажат, дури и ако на моменти е досадно, не ги прекинувајте. Кога не ги прекинувате за да давате коментари, всушност им покажувате дека се интересирате за нив, дека ви е грижа, дека ја имаат вашата поддршка и разбирање. Ете така се гради довербата меѓу вас.