Британскиот научник д-р Бејзил Браун трагично го загубил животот: Го убиле моркови!
Британскиот научник д-р Бејзил Браун трагично го загубил животот откако експериментирал со огромни количини сок од моркови и витамини, верувајќи дека тоа ќе го зајакне неговото здравје. Неговиот случај ја вознемири јавноста со својата сурова порака: и најздравата храна може да стане смртоносна ако се претера.
In This Article:
- Литрите сок од морков и таблети витамин А доведоа до фатално труење и откажување на органите
- „Смрт од зависност од сок од моркови“: неверојатниот заклучок на истрагата и портокалова кожа како доказ на труењето
- Слепата вера во природната исхрана – од предавања за здравје до опасна самотерапија
- Витаминот А се таложи – дури и природните намирници можат да убијат доколку се претера
Литрите сок од морков и таблети витамин А доведоа до фатално труење и откажување на органите
Д-р Браун, 48-годишен нутриционист од Лондон, бил познат како ентузијаст за здрава исхрана и природен начин на живеење. Неговата екстремна самопропишана диета достигнала опасни размери кога во десет дена испил околу 38 литри сок од моркови и земал концентрирани таблети со витамин А. Според докторите, оваа екстремна доза довела до многу сериозно труење со витамин А, кое му го уништило црниот дроб и предизвикало смртоносна слабост на органите. Според извештајот на патологот, оштетувањето на црниот дроб било слично како кај хроничните алкохоличари.
„Смрт од зависност од сок од моркови“: неверојатниот заклучок на истрагата и портокалова кожа како доказ на труењето
Во 1974 година, официјалниот заклучок на истрагата бил јасен: „Смрт од зависност од сок од моркови“. Телото на Браун било со жолто-портокалова боја, типичен знак на прекумерен каротен во организмот. Иако во мали количини овој пигмент е безопасен, неговото огромно количество буквално ја надминало способноста на организмот да се справи.
Слепата вера во природната исхрана – од предавања за здравје до опасна самотерапија
Браун бил искрен верник во здравата исхрана и моќта на витамините. Со години проповедал дека високите дози нутриенти ја чистат крвта и штитат од болести, пишувал брошури и држел предавања против индустриската храна. Но токму сопствените експерименти го довеле до хипервитаминовозата А – токсично заболување кое предизвикува тешки оштетувања на црниот дроб, главоболки, па и кома.
Витаминот А се таложи – дури и природните намирници можат да убијат доколку се претера
Медицинските експерти објаснуваат дека витаминот А е растворлив во масти, па наместо да се исфрли преку урината, тој се акумулира во црниот дроб. Откако органот ќе ја достигне границата, витаминот станува токсичен и фатално го труе телото. Случајот на Браун и денес, половина век подоцна, се цитира како една од најекстремните медицински предупредувачки приказни и доказ дека дури и природните производи можат да бидат смртоносни во огромни дози.