No Image x 0.00 + POST No Image

Џвакај и не шмркај: Научниците создадоа гума за џвакање што убива вируси!

SHARE
31

Тим научници од САД и Финска развија антивирусна гума за џвакање што значително го намалува присуството на вируси во усната шуплина. Според истражувањата, оваа гума може да го намали вирусното оптоварување за повеќе од 95%. Главната состојка е гравот Lablab purpureus, кој содржи уникатен антивирусен протеин наречен FRIL. Устата е едно од главните места каде што вирусите влегуваат и се шират, особено преку плунката – велат научниците. Затоа, директната испорака на антивирусни протеини во усната шуплина може ефикасно да го спречи развојот на инфекциите уште во најрана фаза.

Џвакај и не шмркај: Научниците создадоа гума за џвакање што убива вируси!

Делува против херпес и грип

Протеинот FRIL покажал висока ефикасност против повеќе познати вируси, меѓу кои и херпес симплекс вирусите тип 1 и 2 (HSV-1 и HSV-2), како и сезонските соеви на грипот H1N1 и H3N2. Благодарение на специјалната формула, гума за џвакање постепено го ослободува протеинот – директно таму каде што е најпотребен. Тестовите покажале дека дури и мало парче тешко околу 2 грама, кое содржи 40 милиграми екстракт од грав, е доволно за изразен антивирусен ефект. Дополнително, производот успешно ги поминал сите безбедносни проверки на американската Управа за храна и лекови (FDA).

Делува против херпес и грип