No Image x 0.00 + POST No Image

Научниците велат дека човечкиот мозок има 5 „возрасти“. Во која од нив сте вие?

SHARE
20

Познато е како Шекспир опишуваше седум периоди на човечкиот живот, од плачливото новороденче до 'второто детство' во староста. Но сега, благодарение на невронаучниците, постои и реална, научна поделба: мозокот навистина минува низ пет епохи, длабоко менувајќи го начинот на кој ние живееме, се сеќаваме, и чувствуваме. Научен тим анализираше мозочни скенови на речиси 4.000 луѓе, од бебиња до 90-годишни старци и откри четири големи 'превртници' што го менуваат мозокот засекогаш на 9, 32, 66 и 83 години. „Го знаеме значењето на мозочната поврзаност за развојот, но ни недостасуваше големата слика на тоа како мозокот се менува низ животот и зошто,” изјави д-р Алекса Моусли од Универзитетот во Кембриџ. "Ова е првото истражување што идентификува главни фази на мозочната поврзаност низ човечкиот животен век."

Научниците велат дека човечкиот мозок има 5 „возрасти“. Во која од нив сте вие?

Детството и раното детство: Мозокот ги поставува темелите, создавајќи илјадници врски помеѓу невроните

Во оваа рана фаза, мозокот експлозивно создава синапси, врски помеѓу невроните, кои подоцна се 'кројат' за да останат само најважните. Паралелно, сивата и белата маса на мозокот се зголемуваат, а брчките на кората се формираат и стабилизираат – процес кој дефинира како ќе функционираме подоцна во животот.

Детството и раното детство: Мозокот ги поставува темелите, создавајќи илјадници врски помеѓу невроните

Прв голем пресврт на 9 години: Започнува епохата на адолесценција со пикови во когнитивните способности и ризикот за ментално здравје се зголемува

Првиот голем пресврт, откриен кај 9-годишна возраст, го обележува почетокот на адолесценцијата. Во овој период, белата маса продолжува да се зголемува, комуникацијата помеѓу областите на мозокот станува поефикасна. Когнитивните способности растат, но и ризикот од ментални нарушувања. Хормоните на пубертетот силно влијаат на мозочните процеси токму во оваа етапа.

Прв голем пресврт на 9 години: Започнува епохата на адолесценција со пикови во когнитивните способности и ризикот за ментално здравје се зголемува

Вториот најсилен пресврт на 32 години: Адолесцентските промени завршуваат, мозочната структура станува како кај возрасен

Вториот, најсилен тополошки пресврт се случува околу 32 години. „Додека пубертетот најавува почеток, крајот на адолесценцијата е потешко да се дефинира научно. Чисто според невралната архитектура, откривме дека адолесцентските промени во мозочната структура завршуваат околу раните триесетти години,” вели Моусли. Периодот меѓу 32 и 66 години, зрелоста, е најдолг – интелигенцијата и личноста тука се целосно оформени.

Вториот најсилен пресврт на 32 години: Адолесцентските промени завршуваат, мозочната структура станува како кај возрасен

Трет пресврт на 66 години: Мозочните мрежи се реорганизираат, почнува природно стареење

Околу 66-годишна возраст, не се случуваат огромни структурни промени, но мрежите на мозокот се реорганизираат и поврзаноста почнува да се намалува, како резултат на дегенерација на белата маса и влијанието на болести како хипертензија. "Ова најверојатно е поврзано со стареењето, кога поврзаноста се намалува поради дегенерација на белата маса,” објаснува Моусли.

Трет пресврт на 66 години: Мозочните мрежи се реорганизираат, почнува природно стареење

Четвртиот, последен пресврт на 83 години: Општата мозочна поврзаност опаѓа, регии работат сè повеќе изолирано

Конечно, околу 83-годишна возраст, мозокот влегува во „финалната епоха“ – опаѓа општата поврзаност, а регионите на мозокот функционираат се пораспрстено и посамостојно. „Разбирањето дека патот на мозокот не е постепен напредок, туку само неколку клучни пресврти, ќе ни помогне да откриеме кога и како е структурната поврзаност најранлива,“ истакнува професор Дункан Астл.

Четвртиот, последен пресврт на 83 години: Општата мозочна поврзаност опаѓа, регии работат сè повеќе изолирано

Познавaњето на периодите на мозокот е клучно за разбирање на невролошките болести и менталното здравје – Шекспир бил во право!

Ова не е само интересна биолошка информација. Разбирањето на овие промени помага да се сфати и како функционираат различни невролошки и психијатриски нарушувања. „Многу невроразвојни, ментални и невролошки состојби се поврзани со тоа како е изграден мозокот. Разликите во мозочната поврзаност предвидуваат тешкотии со вниманието, јазикот, меморијата и други однесувања,” истакнува професорот Астл. „Кога ќе размислиме наназад, многумина од нас го чувствуваат животот како составен од различни епохи. Испаѓа дека и мозокот навистина минува низ такви ери.” Истражувањето е објавено во списанието Nature Communications.

Познавaњето на периодите на мозокот е клучно за разбирање на невролошките болести и менталното здравје – Шекспир бил во право!