Научници тврдат: Бог постои, а науката го докажува тоа – Новата книга што предизвика дебата во светот
Двајца француски математичари со новата книга „Бог, науката, доказите: Зората на една револуција“ тврдат дека конечно решиле едно од најстарите прашања на човештвото – постои ли Бог? Наместо науката да е доказ против Бога, тие велат дека најновите научни откритија всушност водат кон заклучок дека постои Создател, предизвикувајќи бурни реакции низ светот.
In This Article:
Трите научни заклучоци кои го менуваат разбирањето за вселената
Оливије Бонаси и Мишел-Ив Болоре, математичари и религиозни луѓе, го засноваат тврдењето на три клучни научни факти: 1. Живееме во универзум каде има цврста врска меѓу материјата, просторот и времето. 2. Сето ова има свој почеток. 3. Параметрите на универзумот се толку прецизно поставени што ако се изменат минимално, животот би бил невозможен. "Науката сега е сојузник на Бог" – вели Бонаси.
Научната заедница: Дали можеме да објасниме се – или остатокот припаѓа на верата?
Книгата отвора дебата и меѓу научници. Физичарот Роберт Вилсон напиша предговор со зборовите: "Иако општата теза… дека на почетокот на универзумот стоел ‘висок разум’ не ми е доволно убедлива, морам да признам дека таа е логична. Ако универзумот имал почеток, не можеме да го избегнеме прашањето за создавањето." Нобеловецот Стивен Хокинг, пак, се противеше на ова гледиште, тврдејќи дека појавата на универзумот е поради гравитацијата и не бара божествена интервенција.
Дали верата е прашање на убедување или наука? Разните ставови за Бога
Британскиот биолог Ричард Докинс опишал седум нивоа на убеденост во постоењето на Бог – од сигурна вера до целосно атеистички став. Тој смета дека верата во личен Бог е илузија, додека други пак веруваат дека науката и религијата може да се преплетуваат. „Животот е полн и смислен колку што сами ќе го направиме,“ напиша Докинс во The God Delusion.
Младите сè помалку атеисти: Новите генерации се враќаат кон духовноста
Најновите истражувања покажуваат дека младите од 18 до 24 години – генерацијата З – се најдуховни во Обединетото Кралство, а дури 62 процента се опишуваат како „многу“ или „доста“ духовни. Само 13 проценти од нив се декларираат како атеисти. Книгата на француските автори, според издавачот, нуди свеж пристап во спорот меѓу науката и верата, што ја возбудува оваа генерација.