No Image x 0.00 + POST No Image

„Направив експертимент и не седев цели 5 дена - еве како тоа го промени моето тело, од добро до екстремно болно“

SHARE
10

Истражувањата препорачуваат да се стои два до четири часа дневно за време на работниот ден за да се намалат ризиците по здравјето предизвикани од долго седење. Но, Јутјуберот Лукас Бол, познат како Pigmie, отиде чекор подалеку — одлучи цела недела воопшто да не седне. Правилата беа строги: му беше дозволено да лежи само осум часа навечер, но остатокот од времето мораше да биде исправен. Дури и во тоалетот не седеше, туку клечеше, а во автомобилот не го допираше седиштето со задникот. Целта му беше да ја истражи физичката и менталната цена на продолженото стоење, како одговор на проблемите што произлегуваат од предолгото седење — болки во грбот, лошо држење, дегенерација на зглобови и проблеми со циркулацијата.

„Направив експертимент и не седев цели 5 дена - еве како тоа го промени моето тело, од добро до екстремно болно“

Што се случило по третиот ден?

Тој забележал дека бил попродуктивен додека работел стоечки, бидејќи немал време за одвлекување внимание. Стоел и додека јадел или гледал телевизија, а наместо да вози, пешачел. Но, веќе на третиот ден почнале проблемите: болки во нозете, замор и влошено држење на телото. Почнал и постојано да јаде, веројатно како начин да се одвлече од непријатноста, и на крај накачил еден килограм. До петтиот ден, болката во колковите и колената станала неподнослива, а спиењето се влошило. Сепак, тој забележал побрзо варење на храната и околу 30% зголемена продуктивност. Експертите советуваат дека најздрав пристап не е само стоењето, туку и редовно движење во текот на денот.

Што се случило по третиот ден?