Најпопуларните деца во средно не се најубавите или најпаметните – туку оние што најмногу сакаат други луѓе!
Сите знаеме за оние неколку ученици во средно училиште кои сите ги сакаат – тие се избират за претседател на класот и генерацијата, членуваат во училишниот совет, и сè изгледа полесно низ ходниците за нив. Но, која е тајната што ги прави толку популарни? Дали е тоа начинот на кој изгледаат, нивниот успех во учењето или талентот?
In This Article:
Истражувањето открива: Популарните ученици ги имаат најдолгите листи на луѓе што ги сакаат
Комуникацискиот експерт Ванеса Ван Едвардс, која научила како да се избори со сопствената несигурност, открива што ги издвојува популарните деца. Истражувачите интервјуирале илјадници ученици и ги прашале кого сакаат – резултатот бил јасен: најпопуларните ги имаат најдолгите листи на пријатели. Оние што сакаат многу луѓе, најчесто добиваат добрина и симпатии назад.
Тајната е едноставна: Ако ги сакаш другит и тие ќе те сакаат тебе
Ванеса вели дека секој може да ја научи оваа вештина. „Научете да сакате. Бидете слободни со тоа чувство. Најпопуларните беа оние што први им даваа љубезност на другите – шетаат низ ходникот и ги поздравуваат сите, бараат со кого да седнат, ги покануваат луѓето. Тоа се луѓето што сакаат први и секаде гледаат нешто добро“.
Психологијата на популарноста
Психолошкиот феномен познат како „реципроцитет на симпатија“ покажува: ако некој ве сака, голема е веројатноста и вие да го засакате. Тоа се должи на добрината и топлината што доаѓаат од нив. Но, има еден важен исклучок: луѓето со ниска самодоверба понекогаш не можат да возвратат бидејќи тешко се прифаќаат себеси.
Првата личност што треба да ја засакаш си токму ти
Ако сакаш да бидеш сакан и прифатен, прво мора да ја засакаш сопствената личност. Само така ќе можеш искрено да ги сакаш другите и да ги прошируваш твоите пријателства. Популарноста почнува од твоето срце и се шири како вртлог низ целата твоја средина.