No Image x 0.00 + POST No Image

Како изгледа студентскиот живот во најконзервативниот колеџ во САД, се наоѓа блиску од либералниот Лос Анџелес и има само 372 студенти?

SHARE
25

Додека Лос Анџелес е симбол за слободоумност и прогресивни движења, само на еден чекор од таму, се наоѓа колеџот што го доби признанието за најконзервативен во Америка според престижното рангирање на Princeton Review за 2026 година. Колку може да се разликуваат младите? Одговорот ќе ве изненади.

Како изгледа студентскиот живот во најконзервативниот колеџ во САД, се наоѓа блиску од либералниот Лос Анџелес и има само 372 студенти?

Thomas Aquinas College: Мал, но силен бастион на католички, конзервативни вредности крај ЛА

Во селцето Санта Паула, во округот Вентура, Калифорнија, постои приватна католичка установа со само 372 студенти – Thomas Aquinas College. Основан во 1971 година, колеџот целосно се посветува на либералните уметности и истражување преку Сократова метода. Таму, професорите не се само предавачи, туку тутори кои преку прашања ги водат студентите низ секоја дискусија. Тоа резултира со тесно поврзана заедница и блиски, продуктивни односи меѓу туторите и младите.

Thomas Aquinas College: Мал, но силен бастион на католички, конзервативни вредности крај ЛА

Како изгледа студентскиот живот: Вера, поддршка и интензивна интелектуална заедница

Со однос студент-професор од 11:1, атмосферата е семејна. Заедницата се опишува како пријателска, насочена кон верата и сериозно ангажирана во знаењето. Студентите честопати се движени од нивните католички уверувања – се опишуваат како вредни, сочувствителни и спремни да помогнат на секого. Половината се мажи, половината жени, а 63% се белци, со студенти и од други држави.

Како изгледа студентскиот живот: Вера, поддршка и интензивна интелектуална заедница

Што конкретно се изучува и што се прави на Thomas Aquinas College?

Во сржта на секојдневниот живот стои Сократовата метода, во која нема класични предавања – целиот материјал се изучува преку групни разговори, читање на класици од антика до модерно време и логички анализи. Студентите се ангажирани во музика, уметност, дебати, длабоки философски, теолошки и научни дискусии. Надвор од часот, студентите учествуваат на мисии, волонтерство, истовремено задржувајќи ги традициите на католичкото училиште – секојдневна миса, молитви и општествени настани.

Што конкретно се изучува и што се прави на Thomas Aquinas College?

Зошто Thomas Aquinas College важи за најконзервативен?

Тука, конзервативизмот се изразува не само преку католичката вера и традиционални вредности, туку и преку начинот на размислување. Мнозинството студенти ја делат визијата дека стабилноста, заедницата и духовноста се клучни. За разлика од побројните либерални училишта, оваа заедница инсистира на темелно познавање на Западната цивилизација, критичко мислење и верска посветеност. Резултатот е генерација млади кои се подготвени истовремено да го разберат светот длабоко и да останат верни на сопствените морални принципи.

Зошто Thomas Aquinas College важи за најконзервативен?