No Image x 0.00 + POST No Image

Најголемата продавница за грицки на светот: Над 35.000 видови од 70 држави ги оставија луѓето воодушевени

SHARE
20

Кинеската компанија Mingming Henmang, најголемиот синџир за продажба на грицки во Кина, ја отвори новата импозантна Snack Kingdom продавница на Чангша во Furong Square. Ова чудо има 12.000 квадратни метри и обединува повеќе од 6.500 брендови на грицки од сите континенти. Со над 35.000 различни грицки, Snack Kingdom беше официјално призната од Гинисовата книга на рекорди за „Најголема продавница за грицки на светот“ на самиот ден на отворањето, 17 април.

Најголемата продавница за грицки на светот: Над 35.000 видови од 70 држави ги оставија луѓето воодушевени

Уникатно доживување: Влезот во „Кралството на грицките“ изгледа како ходник исполнет со илјадници бои

Snack Kingdom е замислена како ново ниво на шопинг искуство. Главниот влез е долг „ходник на грицките“, со стаклени витрини низ кои се распоредени најразновидните и најшарени закуски. Токму таму, посетителите за првпат чувствуваат дел од магијата што ја нуди оваа продавница.

Уникатно доживување: Влезот во „Кралството на грицките“ изгледа како ходник исполнет со илјадници бои

Неверојатен избор: Над 3.500 видови инстант-нудли од Азија и светот

Во делот „Град на инстант нудли“ може да се најдат над 3.500 видови резанци, како од домашното производство, така и од целиот свет. Од класични вкусови до ретки специјалитети за кои повеќето никогаш не слушнале – ова е вистински рај за љубителите на брзи оброци.

Неверојатен избор: Над 3.500 видови инстант-нудли од Азија и светот

Две цели полици за кола од 20 држави: Од класични брендови до необични вкусови како солена кола

Секцијата за кола нуди разновидност што ретко каде може да се види. Две долги, повеќеслојни полици ги собираат колите од околу 20 земји. Освен познатите варијанти од големите брендови како Coca-Cola и Pepsi, тука може да се најдат и ексцентрични вкусови како што е солената кола.

Две цели полици за кола од 20 држави: Од класични брендови до необични вкусови како солена кола

Продавницата е затрупана од посетители: Продажбата прекината веднаш по отворањето

Иако Snack Kingdom е предвидена како класична продавница, од самиот старт има проблем да се справи со бројот на посетители и побарувачката. Само два дена по големото отворање, на 19 април, управата објави дека привремено ги прекинува продажбите за да се справи со проблеми како дополнување на стоката, работата на касите и капацитетот на системот. Сепак, посетителите и понатаму може да се шетаат низ секциите и да фотографираат.

Продавницата е затрупана од посетители: Продажбата прекината веднаш по отворањето

-->