No Image x 0.00 + POST No Image

Најбогатиот човек во светот го уништува бизнисот на „малите луѓе“: Илoн Маск остави десетици компании без парите што ги заслужуваат

SHARE
26

Илон Маск, извршниот директор на Tesla и најбогатиот човек на планетата, е обвинет дека не им плаќал на малите бизниси милиони долари — што некои ги принудило да прогласат банкрот. Ова не е само финансиски скандал, туку приказна за човечки животи и соништа што се рушат од страна на најмоќниот човек во технолошката индустрија.

Најбогатиот човек во светот го уништува бизнисот на „малите луѓе“: Илoн Маск остави десетици компании без парите што ги заслужуваат

Тесла им должи повеќе од 24 милиони долари на десетици бизниси

Во последните пет години, според истрагата на CNN, се поднесени барања за наплата во вредност од над 110 милиони долари против Tesla, бидејќи компанијата не ги исполнила своите финансиски обврски. Најголем дел од засегнатите се мали семејни фирми кои буквално му го довериле последниот денар на овој гигант. Најтажно е што тие се најранливи – нивната иднина зависи токму од тие договори што Tesla реши да ги прекрши.

Тесла им должи повеќе од 24 милиони долари на десетици бизниси

Моделот на Маск: Не плаќа сè додека не биде тужен

Според забелешките на адвокати и истражувачи, Tesla и другите фирми на Маск, како социјалната платформа Twitter (сега X), користат сложени клаузули за да се извлечат од плаќање. Дури и сопствен адвокат на Tesla призна дека компанијата често „има потреба од време за да плати" – дури и за правни трошоци! Еден адвокат сведочи дека бизнис моделот им бил: да не плаќаат додека не ги тужат и со тоа свесно ги туркаат малите фирми во финансиска пропаст.

Моделот на Маск: Не плаќа сè додека не биде тужен

Големи ветувања, неисполнети договори

Изградбата на колосалната фабрика Gigafactory во Остин од страна на Tesla остави зад себе многу оштетени бизниси. Многу сопственици се плашат да говорат јавно, поради страв од одмазда и покриени со договори за доверливост. Некои се уште се надеваат дека ќе бидат платени, други ги откажале долговите. Но, сите се согласуваат: Tesla ги злоупотреби условите за да не исплати долгови за работата што веќе ја добила.

Големи ветувања, неисполнети договори

Човечките приказни зад бројките: Маск не го плашат уништените животи на обичните луѓе

„Целта на Маск е да помине преку сè сега — не се грижи кого ќе повреди — сè додека верува дека ја спасува иднината на светот", открива еден претприемач за CNN. За многумина, работењето со Tesla било најлошото деловно искуство, со чувство дека компанијата не се грижи дали некој ќе биде уништен. Оваа систематска практика да не се плаќа додека не бидат тужени ги шокирала дури и правниците во САД. За малите бизниси, овие неплатени долгови не значат само изгубени пари, туку срушени животи и изгубени надежи.

Човечките приказни зад бројките: Маск не го плашат уништените животи на обичните луѓе