No Image x 0.00 + POST No Image

Најбогатиот човек на светот имал 3 години кога останал сираче и подоцна ѝ купил плац на Месечината на жената по која ја загубил главата

SHARE
0

Животот на Роман Абрамович е толку необичен што би можел да заработи уште едно богатство доколку некогаш одлучи да објави автобиографија или совети за финансиски успех. Како дете останал без двајцата родители, а израснал кај роднини во скромни услови пред да стане милијардер. Богатството го стекнал во нафтата, челикот и алуминиумот, а подоцна го купил Челси и го претворил во европска сила. Неговиот приватен живот го обележаа браковите со Олга, Ирина и Даша Жукова, на која ѝ подари и плац на Месечината. Роман Абрамович е еден од најпознатите и најбогати руски олигарси, милијардер, инвеститор и политичар. Роден е на 24 октомври 1966 година во Саратов, а раното детство го поминал како сираче. За време на хаотичната постсоветска приватизација во 1990-тите години стекнал огромно богатство во секторите на нафтата, челикот и алуминиумот, станувајќи близок соработник на тогашниот претседател Борис Елцин, а подоцна и на Владимир Путин. За неколку дена овој богаташ ќе го прослави својот 60-ти роденден, но за многумина е особено интересен поради два аспекта од неговиот живот: какво му било детството и како ги избирал жените.

Најбогатиот човек на светот имал 3 години кога останал сираче и подоцна ѝ купил плац на Месечината на жената по која ја загубил главата

На 18 месеци ја изгубил мајка си, а потоа кран го усмртил татко му

Роман Абрамович ја имал таа несреќа до третата година од животот да остане и без мајка и без татко. Мајка му починала од сепса кога тој имал едвај 18 месеци. Несреќната жена забременила по втор пат, но поради компликации го изгубила бебето, по што и самата починала. Само година и пол потоа, кога Роман имал неполни три години, неговиот татко Аркадиј загинал во страшна несреќа на градилиште. Врз него паднал градежен кран, му нанел тешки повреди на нозете и тој починал неколку дена подоцна. Откако останал потполно сам, малиот Роман не бил испратен во дом, туку грижата за него ја презеле роднините. Првите години ги поминал кај вујко му Лејб во градот Ухта, во студениот регион Коми на северозападот на Русија, каде што семејството живеело скромно. Подоцна се преселил во Москва кај другиот вујко, Абрам, каде што го завршил училиштето. Иако израснал во немаштија и во сурови услови на советскиот север, Абрамович во ретките интервјуа изјавувал дека „не може да каже дека детството му било лошо“, бидејќи како дете немал со што да го споредува својот живот. Приказната за неговиот пат „од сираче до милијардер“ – од уличен шверцер на цигари и продавач на пластични кукли до најмоќниот олигарх – стана клучен дел од неговата биографија. Роман е жив пример за онаа стара поговорка која вели: „Она што не те убива, те зајакнува“.

На 18 месеци ја изгубил мајка си, а потоа кран го усмртил татко му

Со „Eclipse“, „Pelorus“ и Челси, Абрамович стана лицето на руското богатство на Запад

Со години беше препознатлив по поседувањето на некои од најголемите и најлуксузните суперјахти на светот, приватни авиони, скапоцени недвижности низ Лондон, Њујорк и Француската ривиера, како и по импресивната колекција уметнички дела. Во 2003 година го купи фудбалскиот клуб Челси и почна во него да вложува огромни парични средства. Доведуваше врвни играчи и тренери, постепено претворајќи го клубот во европска фудбалска сила. За време на неговата ера, Челси освои пет титули во Премиер лигата и двапати триумфираше во Лигата на шампионите – во 2012 и во 2021 година. Покрај луксузот, она што секогаш го опкружувало и што Роман исклучително многу го сака се жените. Според зборовите на неговата прва сопруга Олга Јурјевна, тој е подготвен да направи сè за жената што ја сака: „Кога ќе се заљуби, за него не постои ништо друго освен таа личност“, изјавила Олга откако тој ја оставил поради друга.

Со „Eclipse“, „Pelorus“ и Челси, Абрамович стана лицето на руското богатство на Запад

Олга ја запознал во ресторан, по осум недели живееле заедно, а семејството било против бракот

Роман Абрамович во својата биографија има дури три брака. Најбогатиот Русин со првата сопруга се оженил во 1987 година. Тогаш срцето му го освоила Олга Јурјевна Лисова. Својата прва сопруга, ќерка на високорангиран дипломат, ја запознал во еден ресторан, а нивната љубов брзо се разгорела. Набрзо одлучиле својата врска да ја крунисаат и со брак. Тогаш 20-годишниот Абрамович се држел до традиционалните обичаи, па раката на својата три години постара избраничка ја побарал од нејзината мајка. Олга веднаш прифатила, а и таа и мајка ѝ биле импресионирани од потегот на Абрамович. Но, семејството на Роман не го одобрувало бракот. Им пречело тоа што Олга веќе имала дете, тогаш двегодишното девојче Настја, кое го добила од една афера. Сепак, дошло до венчавка, а три години подоцна парот одлучил да се разведе, и тоа спогодбено, само за да можат да емигрираат во Канада. Сила да зборува за нивниот брак Олга собрала дури 10 години по разводот, кога Роман ја оставил и втората сопруга, Ирина Вјачеславовна, поради третата – фаталната Даша Жукова.

Олга ја запознал во ресторан, по осум недели живееле заедно, а семејството било против бракот

Ирина мислела дека патникот од прва класа е досаден, а пет месеци подоцна останала бремена

Плановите со Олга ги пореметила стјуардесата Ирина Вјачеславовна Маландина. Во неа Абрамович се заљубил непосредно пред да стекне огромно богатство за време на рускиот приватизациски бум. Се венчале само една година по разводот на Роман од Олга, која набрзо по крахот на бракот се омажила за пијанистот Стефан Стефанович. Втората сопруга Абрамович ја запознал над облаците, и тоа буквално. Ирина го послужувала за време на еден лет додека тој седел во прва класа. Нивната прва средба не оставила впечаток кај Ирина, напротив, по летот им се доверила на своите колешки дека Абрамович бил прилично досаден. Парот во брак поминал 16 години, а во текот на заедничкиот живот се родиле пет деца. По разводот, старателството над децата го доби Ирина. За бројните несогласувања во бракот наводно била виновна опседнатоста на Роман со работата, а особено опседнатоста со фудбалскиот клуб Челси, кој во 2003 година го купил за 140 милиони фунти. По 16 години брак, Роман на втората сопруга морал да ѝ исплати 150 милиони фунти и тоа беше една од најскапите бракоразводни парници досега. Ирина ангажирала адвокати од Велика Британија. Не го тужела, но да го сторела тоа, се зборуваше дека можела да му земе половина од богатството вредно 11 милијарди фунти.

Ирина мислела дека патникот од прва класа е досаден, а пет месеци подоцна останала бремена

За Даша купил 10 хектари земја на Месечината, но таа подоцна се омажи за Ставрос Нијархос

По Ирина, Роман ја заведе или беше заведен од младата и способна Даша Жукова. Во бракот, кој долго време го криеја, добија и две деца – синот Арон Александар и ќерката Леа. За време на разводот на Абрамович од поранешната сопруга, сестраната Даша постигна голем успех на пазарот на уметнички дела. Нејзиниот живот се одвива на релација Москва – Лос Анџелес – Лондон. Зимите ги поминува на популарниот Сент Бартс, а летата на Сардинија. И самата израснала во богатство – нејзината мајка Елена е научничка, а таткото Александар Жуков е милионер кој се збогатил со бизнис со нафта. Уживала во раскош уште од детството, а дипломирала словенски јазици на Универзитетот во Санта Барбара и хомеопатија во Лондон. За Роман таа била посебен предизвик бидејќи во моментот кога ја запознал била во врска со лордот Фреди Виндзор. Даша е позната како голема и страсна колекционерка на уметнички дела, а богатиот Русин бил подготвен да стори сè за нејзината љубов – ѝ подарил Џакометиева скулптура вредна 14 милиони долари, како и колекција од 40 слики на рускиот уметник Илја Кабаков. Сето тоа не било доволно. Се зборуваше дека ѝ здодеал животот во сенка на човек кого го интересираат само фудбалот и парите. Сепак, ни плацот на Месечината не бил доволен за да ја задржи нејзината љубов и парот се развел. Разводот од рускиот олигарх не ѝ паднал тешко на Даша, особено затоа што нејзината банкарска сметка стана побогата за толку голема сума што за пари повеќе не мора да се грижи до крајот на животот. Само неколку месеци откако разводот беше објавен, таа беше забележана во друштво на нов, помлад милијардер. Наследникот на грчкото бродосопственичко царство Ставрос Нијархос набрзо ѝ стана сопруг, а парот досега доби три деца. А Роман? По три официјални брака, Абрамович потполно ги затвори вратите од својот приватен живот за јавноста. Поголемиот дел од времето го поминува на своите суперјахти и имоти во земји кои не му воведоа ограничувања, како Турција, далеку од очите на јавноста.

За Даша купил 10 хектари земја на Месечината, но таа подоцна се омажи за Ставрос Нијархос

-->