No Image x 0.00 + POST No Image

Најатрактивните и најпознатите диџејки во Светот - музика, слава и убавина што пленат

SHARE
20

Секоја музичка сцена крие свои тајни, но овие неверојатни диџејки не се само мајстори зад микс пултот, туку и вистински таленти кои пленат и со својот изглед.

Најатрактивните и најпознатите диџејки во Светот - музика, слава и убавина што пленат

Диџеј Амели

Светот на диџеите не може да се замисли без оваа сјајна русокоса од Малта. Оваа мала европска држава има свој музички бисер кој три пати беше именуван како најубава диџејка на планетата. Нејзиниот успех ја однесе на најголемите сцени низ Европа, каде секогаш настапува со неисцрпна енергија и стил.

Диџеј Амели

Тенашар

Атрактивна Азијка. Нејзиното целосно име е Деби Валери Лонг, а потекнува од Сингапур. Заедно со музичката кариера, таа се занимава и со манекенство. Има неколку договори со големи издавачки куќи.

Тенашар

Хавана Браун

Меѓу најмилите и најпрефинетите диџејки е и оваа девојка од Австралија. Популарноста ѝ носи значаен финансиски успех, а нејзиниот календар е исполнет со настапи и турнеи со најголемите светски имиња. Нејзината професионалност и шарм се нејзиниот заштитен знак.

Хавана Браун

Ники Белучи

Поранешна ѕвезда во филмови за возрасни, таа одлучи да ја промени кариерата и да се занимава со музика. Нејзините настапи во познатите ноќни клубови низ светот се секогаш исполнети со публика која ја обожава нејзината привлечна појава и харизма.

Ники Белучи

DJ Sexation (Олга Рјазанова)

Оваа убавица и талентиран диџеј од Москва е еден од најпосакуваните артисти на клубската сцена. Не постои престижна сцена каде не ги има нејзините спектакуларни настапи. Честа гостинка е и на ексклузивните забави на еден од најславните машки магазини во светот.

DJ Sexation (Олга Рјазанова)