No Image x 0.00 + POST No Image

Над 15.000 европски хотели го тужат „Booking“, се бараат милијарди евра надомест

SHARE
21

Колективната судска постапка е покрената во јануари 2026 година пред суд во Амстердам. Хотели од цела Европа бараат отштета од платформата за резервации „Букинг“ (Booking.com), со тврдење дека компанијата со години им ја ограничувала можноста самостојно да ги одредуваат цените на своите соби. Ако тужбата успее, барањата за надомест би можеле да достигнат неколку милијарди евра.

Над 15.000 европски хотели го тужат „Booking“, се бараат милијарди евра надомест

ХОТРЕК и повеќе од 30 национални хотелски здруженија стојат зад случајот

Во сржта на спорот се договорните одредби познати како клаузули за паритет на цените, кои со години биле дел од деловните односи меѓу платформата и хотелите. Според хотелиерите, овие правила ги спречувале да понудат пониски цени на сопствените интернет-страници, а во одредени периоди и преку конкурентски платформи. Практично, ако една соба на „Букинг“ се нудела за 100 евра, хотелот не можел слободно да ја понуди за 90 евра преку сопствената страница, иако со директната резервација би избегнал дел од трошоците за посредничка провизија.

ХОТРЕК и повеќе од 30 национални хотелски здруженија стојат зад случајот

Штетата се проценува на 30 отсто или повеќе од провизиите платени од 2004 до 2024 година

Хотелиерите сметаат дека ваквите ограничувања ја намалувале конкуренцијата и ја зголемувале нивната зависност од платформата. Според нив, последиците можеле да ги почувствуваат и туристите, бидејќи бил ограничен просторот за поевтини понуди. Фондацијата што ја води постапката проценува дека сумата би можела да значи неколку милијарди евра. Сепак, станува збор за процена на тужителите, а не за износ утврден со судска одлука.

Штетата се проценува на 30 отсто или повеќе од провизиите платени од 2004 до 2024 година

-->