No Image x 0.00 + POST No Image

Почна пријавувањето на Илинденските спортски игри, победникот ќе добие 200.000 денари

SHARE
25

Општина Чешиново-Облешево ќе биде домаќин на Илинденските спортски игри, фудбалски турнир што годинава ќе се одржи по 54. пат. Настанот останува врзан за празникот Илинден, а финалето е закажано за 2 август. Пријавувањето на спортските екипи е во тек. По затворањето на пријавите, ќе биде организирано ждрепка со која ќе се утврди распоредот на натпреварите.

Почна пријавувањето на Илинденските спортски игри, победникот ќе добие 200.000 денари

Рекордни награди од 200.000 и 100.000 денари

Организацискиот одбор ги повика сите месни заедници во Источниот регион да ги известат заинтересираните екипи од нивните места дека можат да се пријават за учество на турнирот Организацискиот одбор годинава обезбеди рекордни парични награди. Првопласираната екипа ќе добие 200.000 денари, за второпласираната е обезбеден износ од 100.000 денари, а ќе биде прогласен и најдобриот играч на турнирот. Организатор на традиционалниот настан е Општина Чешиново-Облешево.

Рекордни награди од 200.000 и 100.000 денари

-->