No Image x 0.00 + POST No Image

Три лица затекнати со голема количина електронски отпад во Струмица - случајот предаден на полицијата

SHARE
25

Општинските инспекциски служби на Општина Струмица информираа дека при вонреден инспекциски надзор бил откриен случај поврзан со собирање и постапување со отпад од стари електрични апарати. Според наодите од инспекцијата, затекнатите лица вршеле нерегистрирана дејност, а случајот е предаден на полицијата поради сомневања дека има елементи на кривично дело.

Три лица затекнати со голема количина електронски отпад во Струмица - случајот предаден на полицијата

Надзорот бил нареден од Петар Јанков на 14 јули 2026 година

Контролата била спроведена согласно одредбите од Законот за јавна чистота. Од инспекциските служби посочуваат дека улицата претходно била детектирана како една од локациите каде најчесто се забележува нелегално складирање, постапување и трговија со отпад.

Надзорот бил нареден од Петар Јанков на 14 јули 2026 година

Сомнеж за расклопување апарати и екстракција на метали

При контролата, инспекторите затекнале две товарни моторни возила натоварени со голема количина стар отпад од електрични апарати за домаќинство. За отпадот постоело сомнение дека бил наменет за расклопување и екстракција на металите со цел стекнување противправна имотна корист. По утврдувањето на идентитетот на лицата, инспекцијата констатирала дека тие подолг временски период вршеле нерегистриран откуп на стари предмети од домаќинства, без соодветни дозволи и без да бидат впишани во регистарот на постапувачи со отпад. Според известувањето, тоа е спротивно на повеќе законски прописи.

Сомнеж за расклопување апарати и екстракција на метали

Полиуретанска пена, ризик од пожари и токсични гасови

Од Општина Струмица предупредуваат дека при расклопувањето на вакви електрични апарати се создава опасен отпад, меѓу кој и полиуретанска пена. Нивното несоодветно отстранување може сериозно да ја загрози животната средина, да го зголеми ризикот од пожари и при согорување да ослободи токсични гасови опасни по здравјето на луѓето. Поради сомневањата дека во случајот постојат елементи на кривично дело, општинските комунални инспектори веднаш побарале присуство на инспектор од Одделението за криминалистичка полиција – Отсек за економски криминалитет при СВР Струмица. Согласно Законот за инспекциски надзор, сите утврдени наоди биле предадени на економскиот криминал за понатамошно постапување. Од Општина Струмица наведуваат дека, и покрај континуираните апели на градоначалникот Петар Јанков, ваквите појави и натаму се повторуваат. Истакнуваат дека заштитата и унапредувањето на животната средина, како и заштитата на здравјето и квалитетот на живот на граѓаните, ќе останат меѓу врвните приоритети на локалната самоуправа и општинските инспекциски служби.

Полиуретанска пена, ризик од пожари и токсични гасови

-->