No Image x 0.00 + POST No Image

Молекули произведени од цревната микрофлора можат да му помогнат на телото во битката со ракот

SHARE
0

Човечкиот гастроинтестинален тракт е невероатно жив простор, населен со микроби што секодневно работат во наша корист. Тие учествуваат во ферментацијата на растителните влакна, влијаат врз чувството на ситост и, како што покажуваат новите истражувања, нивното дество не завршува во дигестивниот систем. Цревната микрофлора, во која спаѓаат бактерии и квасци, веќе се поврзува со диабетес, депресиа и невроваскуларни заболувања. Сега вниманието на научниците е насочено кон една молекула создадена од стомачна бактериа, коа може да му даде поддршка на имунолошкиот систем во нападот врз туморите.

Молекули произведени од цревната микрофлора можат да му помогнат на телото во битката со ракот

Мајк Лу ја гледа врската меѓу микробните метаболити и туморските терапии

Откритието доага од тим што истражува како супстанции создадени од цревните микроорганизми можат да влиаат врз имунитетот и терапевтскиот одговор. „Резултатите претставуваат пример за начинот на кој метаболитите од цревната микрофлора можат да го променат метаболизмот и генската регулација на нашите клетки и на тој начин позитивно да влијаат врз ефикасноста на туморските терапии“, вели Мајк Лу, имунолог од Универзитетската болница во Вирцбург, Германиа.

Мајк Лу ја гледа врската меѓу микробните метаболити и туморските терапии

Бутиратот и валеријанската киселина ги препрограмираат CD8 Т-клетките кај глувци

Масните киселини со краток синџир се меѓу најкорисните молекули што се создаваат при ферментациата на влакната во цревата. Мегу нив се ацетатите, бутиратите и валеријанската киселина, позната и како пентанска киселина, а тие се поавуваат само кај одредени бактерии. Овие соединениа покажуваат поволни ефекти кај лугето: помагаат во регулирањето на инсулинската резистенциа, холестеролот, па дури и апетитот. Истражувачите откриле дека бутиратот и валеријанската киселина ја засилуваат антитуморната активност на цитотоксичните Т-клетки, познати како CD8, менувајки го начинот на кој тие функционираат. Тоа првпат е експериментално демонстрирано кај лабораториски глувци. „Кога масните киселини со краток синџир ги препрограмираат Т-клетките CD8, еден од резултатите е зголеменото производство на проинфламаторни и цитотоксични молекули“, објаснува Лу. „Успеавме да покажеме дека масната киселина со краток синџир бутират, а особено валеријанската киселина, можат да ја зголемат цитотоксичната активност на CD8 Т-клетките“.

Бутиратот и валеријанската киселина ги препрограмираат CD8 Т-клетките кај глувци

Megasphaera massiliensis ги засилува цитокините во Т-убијците

Со помош на глувци, тимот утврдил дека одредени коменсални бактерии, кои живеат во симбиоза со домакинот, создаваат валеријанска киселина. Една релативно ретка бактериа од човечката цревна микрофлора, наречена Megasphaera massiliensis, ги подобрува малите протеини наречени цитокини во Т-клетките убијци. Токму тоа го зголемува нивниот капацитет да ги уништуваат туморските клетки. Кога научниците експериментирале со други бактерии што не произведуваат валеријанска киселина, не забележале ефект врз нивото на цитокините. Ова откритие може да биде особено корисно кај терапиите што се потпираат на имунолошкиот систем во борбата против ракот.

Megasphaera massiliensis ги засилува цитокините во Т-убијците

Туморските клетки можат да им испратат сигнал на Т-клетките да ги поштедат

Некои туморски клетки носат протеини на своата површина. Тие можат да се врзат за протеините на Т-клетките и така да предизвикаат имунолошки контролен одговор, познат како контролна точка. Таквиот сигнал им порачува на клетките убијци да ја поштедат своата цел, иако во ово случај целта е канцерогена клетка. Терапиата со инхибитори на имунолошки контролни точки функционира така што ги блокира овие контролни протеини, овозможувајки им на Т-клетките да ја завршат задачата и да ги уништат туморските клетки.

Туморските клетки можат да им испратат сигнал на Т-клетките да ги поштедат

Конзорциум од 11 човечки бактериски соеви предизвикува силен CD8+ антитуморен имунитет

Авторите на трудот посочуваат дека не станува збор само за еден изолиран микроб, туку и за можност цревната микрофлора да се разгледува како комбинациа што може да ја подобри ефикасноста на современите онколошки терапии. „Конкретен конзорциум од 11 човечки бактериски соеви што живеат во симбиоза предизвикуваат силен CD8+ Т-клеточно посредуван антитуморен имунитет“, пишуваат авторите. Ова значаjно откритие покажува дека соодветната комбинациа на цревна микрофлора може да ја засили ефикасноста на терапиите со инхибитори на имунолошки контролни точки. Истражувањето е објавено во научното списание „Nature Communications“. За сите што сакаат да дознаат повеке за најновите научни истражувања во онкологиата, советите за превенциа, современите методи на лекување и поддршката за пациентите, детални информации и стручни содржини се достапни на специјализираниот портал cancer.mk.

Конзорциум од 11 човечки бактериски соеви предизвикува силен CD8+ антитуморен имунитет

-->