Листа на најлошо облечени жени на модната ревија на „Викторија сикрет“ за 2025 година: Речиси голи жени го освоија црвениот тепих
По шестгодишна пауза, култноро Викторија Сикрет шоу се врати во Њујорк и наместо со гламур, црвениот тепих го преплавија модни пропусти и провокативни аутфити. Модни катастрофи, речиси гола кожа и бизарни комбинации го одбележаа настанот што треба да ја слави убавината и стилот. Ова е листата на најлошо облечените на 2025 Викторија Сикрет шоуто.
In This Article:
Проѕирни и „невидливи“ комбинации дефинираа моден промашај
Моделката Емира Д’Спејн беше главно лице во модните промашувања, избирајќи ексцентрична комбинација од украси, тантела, синџири и пердуви. Телевизиската личност Хана Годвин дојде во транспарентен виолетов фустан со пердуви и целосно ја изостави градата, прикривајќи ги градите со рака. Тенисерката Ајан Брумфилд избра проѕирен црн мини фустан и синџир како единствено „покритие“.
Ексцентричност без мера
Џордин Вудс се реши за необично жолто палто со леопард принт, но не за добри причини. Јутуберката Ева Гутовски носеше бел краток топ со бизарни исечоци и необична капа – комбинација што едноставно не функционира. Глумицата Даша Поланко пак носеше црно проѕирно боди со мини сукња и мала лента преку градите.
Претерани украси, несекојдневни комбинации и тотален моден хаос
Глумицата Хлои Севињи го привлече вниманието со розов фустан преполн со набори и екстремно упадлив околувратник. Комичарката Хана Бернер дојде во транспарентна, прилепена тоалета со цветни детали. Инфлуенсерката Џесика Ванг носеше зелен фустан со бизарни реси, додека ТВ ѕвездата Сиара Милер се појави со здолниште и горен дел што едвај ги покриваа нејзините атрибути.
Модата знае да биде и невкусна
Модното дефиле го завршуваат: Ами Седарис во розева маичка и розово шарено здолниште што си противречат, Џоди Тарнер-Смит во „фустан“ што повеќе наликува на ќебе или завеса за туш, Иви Гети во бел фустан преполн со украсни детали и птица, а комичарката Кристина Киркман си обезбеди место на оваа листа со фустан од рибарска мрежа. 2025 Викторија Сикрет шоуто ќе остане запаметено по модните гафови, а не по елеганцијата.