No Image x 0.00 + POST No Image

Модна икона или модна катастрофа? Инфлуенсерка критикувана за „грд фустан што премногу открива“

SHARE
0

Инфлуенсерката Ел Фергусон се најде во центарот на медиска бура откако се појави на модна ревија облечена во фустан со екстремно длабоко деколте и необичен дизајн. Нејзиниот избор на облека предизвика критики.

Модна икона или модна катастрофа? Инфлуенсерка критикувана за „грд фустан што премногу открива“

Фустанот на Ел Фергусон – предмет на остри реакции: „Различното не секогаш изгледа убаво“

Фергусон носеше лилав фустан од Loewe, колекција есен 2025 година, кој веднаш го привлече вниманието поради длабокото деколте и специјалниот пеплум крој околу половината. „Сè што можам да кажам е дека фустанот е уште подобар во живо“, напиша таа на Инстаграм. Но, коментарите беа поделени. Многумина го нарекоа „грд“ и неприкладен, велејќи дека „потсетува на опуштена кожа по драстично слабеење“ и дека би изгледал непривлечно на кое било тело. Други забележаа дека изгледа неудобен и дека делува како таа да се плаши да не ѝ се открие нешто.

Фустанот на Ел Фергусон – предмет на остри реакции: „Различното не секогаш изгледа убаво“

Изложена на прашања за изгледот: „Дали кога би била маж маж би ме прашале вакво нешто?“

Фергусон неодамна откри и дел од препреките кои ги има претрпено поради изгледот додека градела кариера. Во мај таа сподели необично прашање кое ѝ било поставено на интервју за работа: „Седам и те гледам… атрактивна си, колку изгледот ти помогна да се истакнеш?“. Потоа праша: „Дали мислите дека маж би бил прашан вакво прашање?“ и ја објави дилемата на Инстаграм. Таа откри дека ова прашање ѝ било поставено во 2019 година од страна на подкастерот Марк Борис, во емисијата „The Mentor“.

Изложена на прашања за изгледот: „Дали кога би била маж маж би ме прашале вакво нешто?“

„Требаше да работам повеќе поради етикетата – глупава русокоса“

Во одговор на прашањето, Фергусон истакна дека морала да се труди повеќе за да го постигне успехот, токму поради етикетата „глупава русокоса од „Legally Blonde“ која честопати ѝ се прилепувала. Нејзината приказна отвора важна дискусија за двојните стандарди со кои жените сеуште се соочуваат кај нас и во светот.

„Требаше да работам повеќе поради етикетата – глупава русокоса“