No Image x 0.00 + POST No Image

Младенци поставиле терминал за плаќање со картичка на свадбата, за да соберат пари за меден месец од гостите

SHARE
20

Љубовта е бесценета — но, медениот месец не е. Британски пар одлучи да ги замени традиционалните подароци на свадбата и на приемот постави уред за бесконтактно плаќање, директно барајќи пари за патување од своите 140 гости. Крис Мартин и Таша Вајт, веќе 14 години заедно и родители на две деца, се венчаа во Бакингемшир и следниот ден тргнаа на романтично патување во Мексико. Единствено што им беше потребно? Брзи пари за патот!

Младенци поставиле терминал за плаќање со картичка на свадбата, за да соберат пари за меден месец од гостите

Барање за донации преку QR код

„Таша и јас веќе имаме дом и сè што ни треба — никому не му требаат уште пет тостери!“, вели Мартин. Затоа, парот инсталирал уред за картички и поставил QR код со ознака: „Не бидете шкрти, платете нѝ лет!" Нивната порака е јасна – наместо вообичаени подароци, слободно донирајте за нашиот меден месец. На ваков оригинален начин, гостите можеа веднаш да уплатат средства и да помогнат да се оствари посакуваното патување во Мексико.

Барање за донации преку QR код

Гостите задоволни од новиот тренд

„Мислам дека картичката и QR кодот беа одлична идеја. Никој денес не знае што да подари за свадба, обично е пари, а ова беше многу поедноставно од готовина или банкарски трансфер“, изјави еден гостин. Крис додава: „Луѓето речиси не носат кеш. Ова беше забавно за гостите, а за нас – помош за патување“.

Гостите задоволни од новиот тренд

Дарежливоста растеше со секоја чаша шампањ

„Како што можете да замислите, гостите стануваа се подарежливи како што течеше веселбата! Некои дури плаќаа и по неколку пати,“ вели Крис Мартин, но не открива колку вкупно собрале. „Беа многу дарежливи“. Основачот на компанијата за плаќање Лоупеј, која го обезбеди уредот и кодот, изјави: „Со читачот на картички и QR кодот, подарувањето стана многу полесно и без мака“.

Дарежливоста растеше со секоја чаша шампањ

Тренд што може да се прошири низ светот

Гостите добиваат едноставна можност да даруваат, младенците собираат за патување од соништата, а организацијата на свадбата станува поефикасна. „Кој знае? Ова можеби ќе стане нов тренд во цела земја!“, порачува основачот на Лоупеј. Дали би ја прифатиле оваа идеја на македонска свадба? Или сепак традицијата и пликот имаат своја посебна тежина?

Тренд што може да се прошири низ светот