No Image x 0.00 + POST No Image

23-годишна Британка осудена на доживотен затвор во Дубаи - причината... глупава грешка

SHARE
0

Миа О’Брајен од Ливерпул, на само 23 години, се наоѓа во централниот затвор во Дубаи поради „глупава грешка“. Нејзиното семејство очајнички бара било каква помош, додека нејзината мајка Даниел Маккена е „целосно уништена“ поради случката.

23-годишна Британка осудена на доживотен затвор во Дубаи - причината... глупава грешка

„Ја немам видено од октомври – Миа никогаш не сторила ништо лошо“

Во веќе избришаната објава на GoFundMe, мајката напиша: „Не сме ја виделе Миа од октомври лани. Таа само што наполни 23 години и никогаш не направила ништо лошо. Се запиша на Правен факултет, но, за жал, се најде во лошо друштво. Моја ќерка направи навистина глупава грешка и сега плаќа за тоа“. Семејството собира средства за да ги покрие правните трошоци и за да можат да ја посетат во Дубаи. „Им благодарам на сите за помошта. Средствата ќе одат за Миа и правните трошоци – можеби ќе успееме да отпатуваме и да ја видиме. Огромно благодарам!“ Но, страницата за донации набрзо беше избришана по непознати причини.

„Ја немам видено од октомври – Миа никогаш не сторила ништо лошо“

Миа е преместена во друг затвор по изрекувањето на казната

Во разговор за Daily Mail мајката раскажува: „Неодамна ја преместија во друг затвор по изрекувањето на казната. Тоа беше вистински шок за нас“. Соочувајќи се со неизвесност за иднината, семејството одбива да ги изнесе деталите за делото поради осетливоста на случајот.

Миа е преместена во друг затвор по изрекувањето на казната

За кои дела се изрекува најтешката казна во Емиратите?

Во Обединетите Арапски Емирати, доживотниот затвор за странци значи 25 години поминати зад решетки, по што следи депортација. Семејството не открива што точно сторила Миа, но најтешката казна се изрекува за: незаконски промет и чување забранети супстанци, трговија со луѓе, убиства или обиди за убиство и терористичка активност.

За кои дела се изрекува најтешката казна во Емиратите?