No Image x 0.00 + POST No Image

„Мистериозна состојба ме тераше да одам во тоалет по 40 пати на ден“

SHARE
0

Мелиса Фрост имала само 16 години кога обичното одење во тоалет почнало да завршува со силна, остра болка. Наместо одговор, следеле години на неизвесност, постојани лекови против болки и секојдневие во кое морала однапред да знае каде има тоалет. Денес, на 31 година, таа раскажува како хронична состојба на мочниот меур и една медицинска интервенција и го промениле животот.

„Мистериозна состојба ме тераше да одам во тоалет по 40 пати на ден“

На 16 години болката почнала веднаш по одењето во тоалет

Мелиса со години морала да мокри и до 40 пати на ден поради хронично заболување на мочниот меур кое лекарите долго време не успевале прецизно да го дијагностицираат. Набрзо почувствувала потреба да уринира речиси двапати секој час, што нејзиното секојдневие го претворило во вистински пекол. Следните девет години ги поминала земајќи постојани лекови против болки, без јасен одговор што точно и се случува.

На 16 години болката почнала веднаш по одењето во тоалет

Во 2021 година добила пејсмејкер за мочен меур

По долги години без прецизна дијагноза, Мелиса била подложена на хируршка интервенција за поставување специјален пејсмејкер за мочен меур. Уредот испраќа електрични импулси до сакралните нерви и помага да се контролираат симптомите. Иако лекарите претходно ја предупредиле дека поради хроничната состојба и терапиите ќе и биде исклучително тешко да забремени, Мелиса го роди својот син, кој денес има две години. Таа работи како менаџер за човечки ресурси и вели дека оваа медицинска иновација целосно и го спасила животот.

Во 2021 година добила пејсмејкер за мочен меур

„Морав да планирам секое излегување според тоа каде има тоалет“

„На почетокот мислев дека станува збор за обична инфекција на уринарниот тракт, но антибиотиците не помагаа. Болката беше неподнослива, како мочниот меур постојано да ми гори. Морав да планирам секое излегување според тоа каде има тоалет“, раскажува Мелиса. Конечно и бил дијагностициран синдром на болен мочен меур, односно интерстицијален циститис. Денес, со помош на уредот, нејзините потреби се сведени на нормални шест до осум пати на ден. Мелиса ја споделува својата приказна за да им помогне на сите жени кои тивко страдаат од истата дијагноза.

„Морав да планирам секое излегување според тоа каде има тоалет“

-->