Дали и како микро и брзите кредити можат да го уништат нашиот финансиски систем?
Иако светските BNPL апликации како Klarna или Afterpay не се достапни кај нас, македонските потрошувачи одамна ги користат домашните верзии на „купи сега, плати подоцна“ услуги – преку отплата на рати без камата, брзи кредити преку мобилни апликации, или одложено плаќање преку кредитни сервиси на продавници и банки.
In This Article:
Неколку секунди за одобрување – нов начин на задолжување со висока цена
Компании и фининсиски друштвакако нудат заеми кои овозможуваат купување мобилни телефони, техника, па дури и мебел и бела техника – без првично плаќање. Дел од овие услуги се нудат директно во маркетите или онлајн продавниците, каде со неколку клика може да се одобри кредит до 100.000 денари за само 15 минути.
Ризик од преголемо задолжување
Иако звучи примамливо, експертите предупредуваат на ризикот од преголемо задолжување, особено кога граѓаните користат повеќе вакви кредити истовремено. Проблемот е што овие долгови често не се евидентирани кај централниот кредитен регистар, што значи дека банките не ја гледаат реалната задолженост на клиентите. Дополнително, многу млади и луѓе со нестабилни приходи се потпираат на овие краткорочни заеми за да ги покријат секојдневните трошоци – како што се храна, сметки или школски материјали. Во комбинација со високи каматни стапки и казни за доцнење, ова може да доведе до должничка спирала која потоа е тешко да се прекине.
Регулативи за заштита на корисниците
Во време кога дигиталната економија напредува, финансиската едукација станува клучна. Одговорноста е и кај финансиските институции, но и кај државата, да воведе подобри регулативи и заштита за корисниците. Во спротивно, лесниот пристап до „брзи пари“ може да стане бавен пат кон финансиски колапс за многу домаќинства.