No Image x 0.00 + POST No Image

„Мажите се срамат јавно да бидат со полнички жени“ – емотивна исповед на плус-сајз моделот Алекс Аспасија

SHARE
23

Алекс Аспасија ја отвори душата за болната борба да пронајде љубов, обвинувајќи ги мажите дека се „премногу срамежливи“ јавно да бидат видени со жена со нејзина конституција. И покрај нејзината самоувереност и илјадниците следбеници поради позитивниот однос кон своето тело, Алекс вели дека се соочува со тежок пат на љубовен план.

„Мажите се срамат јавно да бидат со полнички жени“ – емотивна исповед на плус-сајз моделот Алекс Аспасија

Повеќето мажи ја кријат врската

На 31 година, по разводот лани, Алекс ја започнала потрагата по вистинскиот маж и откри дека многу мажи се интересираат само зад затворени врати за неа. „Имав професионални спортисти и рапери во моите пораки, што докажува дека не мора да бидеш одредена големина за да бидеш привлечна,“ вели таа. Но, истата таа привлечност исчезнува кога станува збор за врска во јавност.

Повеќето мажи ја кријат врската

Понижувања и тага

„Излегував со еден што призна дека не сака никој да знае за нас. Рече дека семејството не би ме прифатило заради мојата големина. Болно е кога развиваш чувства и поради тежината уште си нечија тајна“, признава Алекс. Таа додава: „Моите облини не се срам, туку дел од мене. Сакам да бидам сакана поради тоа што сум, а не само поради изгледот“.

Понижувања и тага

Самодоверба и искреност – Алекс бара врска со вистинска поврзаност, не тајна

Видеото каде Алекс седи сама во ресторан и пишува: „Уште една сабота сама, затоа што мажите сакаат дебели девојки во кревет, ама не и во јавност“, собра скоро милион прегледи. Таа верува дека мажите ги привлекува нејзината искрена самодоверба, што е реткост денес, особено кај пополни жени. Но, бара некој што навистина ќе ја прифати – целосно.

Самодоверба и искреност – Алекс бара врска со вистинска поврзаност, не тајна

Надеж за вистинска љубов

И по сите разочарувања, Алекс останува оптимист: „Уште имам надеж дека некој ќе ме сака во целост. Сакам да им кажам на сите – не се задоволувајте со помалку. Јас нема да бидам ничија тајна. Љубовта е комплицирана, но секој заслужува искрен однос“.

Надеж за вистинска љубов