No Image x 0.00 + POST No Image

„Мажите ме обливаат со скапи подароци, а за нив не правам ништо – сакам што сум „бескорисна“ и сум горда на тоа!“

SHARE
25

Џени Џакила го променила својот поглед на љубовта по болното искуство од првата врска – сега ужива во животот каде мажите и подаруваат, а таа не возвраќа со ништо материјално. Не, не се срами! Напротив, таа гордо раскажува како одбива да ги „служи“ мажите, а тоа го смета за своја победа и пример за жените.

„Мажите ме обливаат со скапи подароци, а за нив не правам ништо – сакам што сум „бескорисна“ и сум горда на тоа!“

Првата љубов ја исцрпила

„За времето што бевме заедно, станував се понесреќна и поизморена, обидувајќи се да балансирам меѓу работа, факултет и делење на сметките 50/50“, признава Џени. Кога одлучила дека тоа мора да престане, нејзиниот дечко презел целосна финансиска грижа. Така добила време да се посвети на себеси и својот духовен раст. Заедно патувале низ речиси 30 држави, а сите трошоци биле на негова сметка.

Првата љубов ја исцрпила

„Мажот-обезбедувач“ мора да вложува во жената, не обратно – тоа го сметам за нормално!“

Џени вели: „Мажот чиј инстинкт е да се грижи за жена и да и обезбеди се, е тој кој вистински ја цени женственоста. Жените не треба да бидат со мажи кои ништо не им даваат. Мажот мора да и ја подобри животната ситуација на жената – да ѝ плаќа сметки, да ѝ дава подароци, да ѝ помага“. Таа верува дека женското присуство е лековито и го исполнува светот на мажот со радост и светлина.

„Мажот-обезбедувач“ мора да вложува во жената, не обратно – тоа го сметам за нормално!“

„Не брзам со интимноста, само неколку избрани заслужуваат пристап до мојата енергија“

Џени пред да влезе во сериозна врска чека три-четири месеци, затоа што интимноста ја гледа како размена на насобрана енергија. „Ризиците се големи – бременост, здравје. Затоа барам постојаност и искреност кај партнерот“, советува таа. Сите свои искуства ги споделува на социјалните мрежи, каде добива и закани, но вели дека не ги зема при срце.

„Не брзам со интимноста, само неколку избрани заслужуваат пристап до мојата енергија“

Љубовта од бајките ги прави жените лесна цел – затоа секоја жена мора да биде себична и да го бара само најдоброто

„Жените од мали се учат да му веруваат на мажот и љубовта, затоа често стануваат жртви на манипулации. Јас сум горда што сум бескорисна: не готвам, не чистам, не сакам ни да живеам со маж! Жената секогаш е награда – мажот мора да плаќа, тоа е најмалку што може да направи, а таа дава драгоцено време, емоции и внимание. Дури и комуникацијата со него е ризик за неа“, заклучува Џени.

Љубовта од бајките ги прави жените лесна цел – затоа секоја жена мора да биде себична и да го бара само најдоброто