Маж од Кина најде нова љубов додека неговата сопруга е замрзната, да добро слушнавте
Храброста и љубовта на Гуи Џунмин кој го замрзна телото на својата сопруга во обид да ѝ даде втора шанса за живот, веќе пет години трогнува и збунува илјадници. Но, кога тој одлучил да започне нова романса додека телото на сопругата му е замрзнато во криогена состојба, јавноста се подели и настапи жесток морален суд.
In This Article:
Ја замрзнал сопругата откако ѝ биле дадени само неколку месеци живот
Гуи Џунми имал 57 години кога во 2017 година ја донел болната одлука да го замрзне телото на својата сопруга Жан Венлиан, откако лекарите ѝ кажале дека ѝ остануваат само неколку месеци поради рак на бели дробови. „Тоа беше единствениот начин да не ја изгубам жената што ја сакам. Ако некогаш се најде лек, можеби ќе се разбуди повторно," изјави Гуи.
Жан станала првата криогено замрзната личност во Кина, 30-годишен договор потпишан со институтот Јинфенг
Во 2017 година Гуи потпишал 30-годишен договор со Институтот за животни науки Шандонг Јинфенг за замрзнување на Жан. Институтот, основан во 2015 година, во соработка со болницата Чилу на Универзитетот Шандонг, експериментирал со процедури за замрзнување кај луѓе, а на првите доброволци им нудел бесплатна постапка. Така Жан, на возраст од 48 години, станала првата личност во Кина што е криогено зачувана.
Две години по замрзнувањето останал сам, но тешка болест го принудила да ја преиспита осаменоста
Во следните две години по криогеното замрзнување на сопругата, Гуи бил целосно посветен на тоа да остане сам. Но, во 2020 година доживеал тежок напад на гихт една утрина и не можел да дојде до телефонот. Два дена лежел беспомошен, се додека роднини не ја скршиле вратата и го спасиле. Тој на јавноста изјави: "Тогаш сфатив дека ако, поради мојата осаменост, починам и никој не го дознае, тоа ќе биде уште една трагедија за нашето семејство." Гуи Џунмин подоцна ја запознал својата сегашна партнерка, Ванг Чунксија, преку заеднички пријател. Во тоа време таа работела во продажба на осигурување и првично го гледала како клиент со висок статус, но со текот на времето станале партнери. Гуи ја опишува Ванг како љубезна, едноставна и искрена — особини кои го потсетуваат на неговата сопруга Жан. Таа внимателно се грижела за него: му носела чај, го потсетувала на лекови и му помагала во секојдневието, особено откако по операција со стент станал нестабилен на нозе. И покрај тоа, Гуи чувствува јаз меѓу нив: тој е финансиски стабилен и со поразвиена животна патека, додека Ванг потекнува од скромно семејство, има завршено само до седмо одделение и работела различни физички и услужни работи. Тој признава дека неговата одлука да биде со Ванг е делумно „утилитарна“ — чувствува одговорност и потреба од нејзината грижа, но вели дека таа „сè уште не му влегла во срцето“. Жан, чие тело е замрзнато во криогена состојба, останува незаменлива за него. Тој се прашува: ако Жан некогаш оживее, дали брак со Ванг би се сметал за бигамија, и што би се случило со нивниот имот? Приказната предизвика жестоки реакции онлајн. Некои го критикуваат дека емоционално „држи две жени“, други сметаат дека неговата посветеност кон Жан е повеќе опсесија отколку љубов, а третите го осудуваат што започнува нова врска без да биде целосно посветен на партнерката со која живее.