Марс некогаш имал плажи?
Според истражувањето објавено во „Proceedings of the National Academy of Sciences“, кинескиот ровер Чжужун пронашол докази за постоење на древни плажи на Марс. Ова укажува дека Црвената планета некогаш имала обемни океани и можеби била погодна за живот пред милијарди години. Роверот Чжужун бил опремен со систем за подземно радарско скенирање (GPR), кој му овозможил да истражи слоеви на длабочина до 80 метри додека патувал 1,9 километри низ површината на Марс.
Нови докази го менуваат нашето разбирање за Црвената планета!"
Истражувачите откриле густи, наклонети слоеви на длабочина од околу 10 метри, со карактеристики типични за плажни наноси: Благо наклонетост од 15 степени кон древната крајбрежна линија. Структура на слоевите што укажува на формирање под влијание на бранови. Состав од песочни честички, без ситна прашина или големи карпести фрагменти. Откриените плажни наноси се наоѓаат во Утопија Планитија – најголемиот познат ударен кратер во Сончевиот систем. Присуството на овие структури покажува дека океаните постоеле со милиони години, што укажува на долготрајни крајбрежни процеси, како плима, бранови и реки што носеле седименти кон брегот.