No Image x 0.00 + POST No Image

Манекенката откри едноставен трик што ги отстранува „ќесичките“ под очите за неколку секунди: Нема да верувате од кого го научила ова

SHARE
0

Се будите со чувство дека ви недостигаат уште најмалку осум часа сон, а лицето бара итно освежување. Токму за такви утра, манекенката и актерка Сиена Милер откри брз трик што за неколку секунди го прави тенот посвеж и посјаен. Не станува збор за скапи комбинации, чудни мешавини или тежок слој шминка, туку за неколку прецизни потези со руменило што создаваат суптилен ефект на природен, речиси невидлив лифтинг.

Манекенката откри едноставен трик што ги отстранува „ќесичките“ под очите за неколку секунди: Нема да верувате од кого го научила ова

Марлоу има 14 години и ја научила мајка си каде точно да го стави руменилото

Како што објаснува Сиена, нејзината ќерка ѝ покажала практичен начин на нанесување: бојата се става високо на јаболчните коски, а потоа со благи и нежни движења се разнесува надолу кон средината на лицето. Така лицето веднаш добива свежина, а високата позиција на руменилото визуелно ги подигнува и затегнува цртите. „Оживува! Лицето буквално оживува!“, вели таа, воодушевена од брзата трансформација. Додава дека методата е толку едноставна што може да се изведе за неколку минути, дури и на задното седиште во такси.

Марлоу има 14 години и ја научила мајка си каде точно да го стави руменилото

Истиот производ оди и на усните, а кај Харпер Бекам руменилото почнува како срце

За крај, Сиена нанесува малку од истото руменило и на усните, опишувајќи го ефектот како природен, сочен и розов. Целиот изглед се постигнува за едвај две минути, без сложено контурирање, сенчење или тешка шминка на целото лице. Кога истиот производ се користи и на образите и на усните, боите изгледаат усогласено, а стилот лесно се прилагодува и за дневни и за вечерни прилики. Иако нанесувањето руменило директно во пределот под очите не е класично правило во шминкањето, на Сиена ѝ стои беспрекорно. Таа не е единствената позната личност што прифатила совет за убавина од својата тинејџерка: новото руменило на Викторија Бекам било креирано и според директни сугестии од нејзината ќерка Харпер, меѓу кои и идејата производот прво да се нанесе на образите во форма на срце, па потоа рамномерно да се размачка.

Истиот производ оди и на усните, а кај Харпер Бекам руменилото почнува како срце

-->