No Image x 0.00 + POST No Image

Македонските средношколци растурија на Меѓународната олимпијада по Геонауки: Се вратија со 9 медали!

SHARE
0

Нашите натпреварувачи блескаво се претставија себеси и Македонија на 19. Меѓународна олимпијада по геонауки, IESO 2026, која се одржа во Торино, Италија, од 20 до 27 август. Во силна конкуренција од 40 држави и 160 натпреварувачи, како единствен претставник од регионот, Македонија се врати дома со вкупно 9 одличја: 2 златни, 1 сребрен и 6 бронзени медали.

Македонските средношколци растурија на Меѓународната олимпијада по Геонауки: Се вратија со 9 медали!

Битола, Кавадарци, Ресен и Прилеп испратија по еден олимписки претставник

Тимот беше составен од четворица ученици: - Стефанија Димовска од СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“, Битола - Трајче Шатков од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“, Кавадарци - Борче Кузманоски од СОУ „Цар Самоил“, Ресен - Никола Здравески од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, Прилеп Секој од нив настапи во меѓународна средина во која знаењето по геонауки се проверуваше и индивидуално и преку тимска работа.

Битола, Кавадарци, Ресен и Прилеп испратија по еден олимписки претставник

Д-р Ивица Милевски со петто менторство, д-р Горан Китевски како предводник на географската заедница

Делегацијата ја предводеа двајца ментори: д-р Горан Китевски, вонреден професор на Институтот за географија при ПМФ и претседател на Македонското географско друштво, и д-р Ивица Милевски, редовен професор на Институтот за географија при ПМФ и експерт по физичка географија. За д-р Милевски ова беше мало јубилејно, петто менторство на македонска делегација на IESO.

Д-р Ивица Милевски со петто менторство, д-р Горан Китевски како предводник на географската заедница

Од главниот тест до Fluorite, Hornblende, Zircon и Quartz се запишаа првите пет одличја

Резултати од главниот индивидуален натпревар (IT): - Трајче Шатков - бронзен медал Резултати од International Field Team Investigation (ITFI), теренско истражување во меѓународни тимови: - Стефанија Димовска, тим Fluorite - златен медал - Никола Здравески, тим Hornblende - сребрен медал - Борче Кузманоски, тим Zircon - бронзен медал - Трајче Шатков, тим Quartz - бронзен медал

Од главниот тест до Fluorite, Hornblende, Zircon и Quartz се запишаа првите пет одличја

Pliocene донесе злато, а Toarcian, Eocene и Quaternary ја затворија бројката девет

Резултати од Earth System Project (ESP), истражување во меѓународни тимови: - Никола Здравески, тим Pliocene - златен медал - Стефанија Димовска, тим Toarcian - бронзен медал - Борче Кузманоски, тим Eocene - бронзен медал - Трајче Шатков, тим Quaternary - бронзен медал Овие резултати се гордост за нивните училишта, за нивните професори и за целата држава. Честитки, олимпијци!

Pliocene донесе злато, а Toarcian, Eocene и Quaternary ја затворија бројката девет

-->