No Image x 0.00 + POST No Image

Македонските млади боксери блеснаа во рингот во Хрватска: Се враќаат со шест медали од престижниот турнир „Загреб опен“, а кои наши момчиња го освоија златото?

SHARE
0

На 13. меѓународен боксерски турнир „Загреб опен“ во Хрватска, македонските боксери имаа одличен настап во финалните борби. Во четири финални пресметки забележаа две победи, а настапот го заокружија со вкупно шест медали: два златни, два сребрени и две бронзени одличја.

Македонските млади боксери блеснаа во рингот во Хрватска: Се враќаат со шест медали од престижниот турнир „Загреб опен“, а кои наши момчиња го освоија златото?

Двете финалиња што завршија со чисти 5:0

Со златни медали се закитија Адријан Алими и Давид Карапеев, кои доминираа во своите финални борби против домашните хрватски претставници. Во конкуренција до 15 години, во категоријата до 46 килограми, членот на БК „Шкупи“, Адријан Алими, во финалето го совлада Јаков Брајковиќ од Хрватска со 5:0. Во категоријата до 75 килограми, Давид Карапеев од клубот „Ас“ прикажа одлична борба во финалето и со максимални 5:0 го победи Марио Галешиќ од Хрватска, освојувајќи го второто злато за македонската експедиција.

Двете финалиња што завршија со чисти 5:0

Кирил Рајков прво го помина Алекс Вас, па финалето го загуби со 1:4

Во категоријата до 70 килограми, боксерот на „Аперкат“ најпрво забележа убедлива победа од 5:0 против словенечкиот претставник. Во борбата за златниот медал, Рајков беше поразен од домашниот натпреварувач Мануел Вуковиќ од Хрватска и турнирот го заврши со сребрено одличје.

Кирил Рајков прво го помина Алекс Вас, па финалето го загуби со 1:4

Реџеповски остана со сребро по предадена борба во третата рунда

Во конкуренција до 17 години, во категоријата до 52 килограми, боксерот на Куманово, Алишан Реџеповски, го освои сребрениот медал по финалната борба против Лука Дуриќ од Хрватска. Мечот заврши со 0:5, по предадена борба во третата рунда. Бронзените одличја за македонската екипа ги освоија Лука Пецевски и Алиу Резард, со што настапот на „Загреб опен“ беше заокружен со шест медали.

Реџеповски остана со сребро по предадена борба во третата рунда

-->