Македонските математичари со блескав успех на ЈБМО 2025 во Струга
Двата тима што ја претставуваа Македонија на 29-та Јуниорска балканска математичка олимпијада (ЈБМО) остварија значаен успех, освојувајќи вкупно осум медали – два сребрени и шест бронзени. Настанот се одржа од 24 до 29 јуни во Струга, каде што учествуваа млади математичари од балканскиот регион.
#2
Првиот македонски тим се истакна со два сребрени медали, кои ги освоија Дијар Адеми и Владимир Грчев, како и три бронзени медали, доделени на Ана Митевска, Валентино Атансоски и Никола Зорески. Вториот тим, пак, се закити со три бронзени медали, кои им припаднаа на Филип Хаџи-Велков, Деа Ивановска и Калина Грашкоска. Според вкупниот број и квалитетот на освоените медали, првиот тим го постигна еден од најдобрите резултати на македонските учесници во последните две децении.
#3
Тимовите беа предводени од Петар Филиповски и Христина Митреска, а во подготовките учествуваа и м-р Илија Јовчески и проф. д-р Мирко Петрушевски. ЈБМО претставува една од најзначајните меѓународни математички натпревари за ученици под 15,5 години, а годинашното издание, кое првпат се одржа во Струга, го потврди високото ниво на младиот македонски математички потенцијал.