No Image x 0.00 + POST No Image

Македонски апсурд со светска слава: По три години хаос низ Крива Паланка, над илјада крави завршија во затворите во Идризово и Прилеп

SHARE
25

По години неконтролирано движење низ Крива Паланка и околните населени места, добитокот конечно доби нова привремена адреса. Случајот стигна и до светските медиуми, а државата сега активира седум институции за да стави ред во проблем што долго ги мачи жителите, им ги оштетува имотите и земјоделските насади и ја загрозува безбедноста.

Македонски апсурд со светска слава: По три години хаос низ Крива Паланка, над илјада крави завршија во затворите во Идризово и Прилеп

Операцијата почнува со мапирање на локациите и проверка на пристапноста на теренот

Акцијата за заловување и згрижување на добитокот влезе во оперативна фаза. Најпрво се утврдува каде се движат животните, колку ги има и дали до тие места може безбедно да се пристапи. Потоа следуваат заловување, ветеринарна контрола и транспорт до местата каде што ќе бидат привремено сместени.

Операцијата почнува со мапирање на локациите и проверка на пристапноста на теренот

Затворските економии се фарми, не затворски простории за животните

Во почетната фаза, животните ќе бидат сместени во економиите на казнено-поправните установи во Идризово и Прилеп. Тоа се стопански единици што функционираат како земјоделски стопанства: таму се одгледуваат животни и се произведува храна, а дел од работните активности можат да ги извршуваат и осудениците. Во овој случај, кравите ќе бидат згрижени на фармите во рамките на установите, а не во затворските простории.

Затворските економии се фарми, не затворски простории за животните

Од околу 600 грла стадото пораснало над илјада додека постапките тапкале во место

Проблемот не е од вчера. Во изминатите три години институциите донесувале решенија, поднесувале пријави и воделе постапки, но состојбата продолжила да се шири заедно со стадото. Наместо навремено решение, жителите добиле долга низа административни чекори без конечен исход на терен.

Од околу 600 грла стадото пораснало над илјада додека постапките тапкале во место

Судскиот процес во Крива Паланка се уште нема завршница

Минатата година бил поднесен обвинителен предлог против сопственикот и неговите две ќерки за спречување службено лице во вршење службено дејствие. Дополнително, во ноември годинава бил пријавен и физички напад врз 67-годишна жителка, која според информациите од МВР се здобила со тешки телесни повреди во инцидент поврзан со проблемот со кравите.

Судскиот процес во Крива Паланка се уште нема завршница

Јавниот притисок испадна тајната состојка во македонскиот рецепт за функционален систем

Сега седум институции се координираат за да го направат она што со години не успевале да го спроведат. Кравите барем ќе добијат привремено сместување. За жителите, пак, останува прашањето колку долго ќе мора да чекаат институциите да почнат да функционираат навреме, а не дури кога проблемот ќе стане невозможно да се игнорира.

Јавниот притисок испадна тајната состојка во македонскиот рецепт за функционален систем

-->