No Image x 0.00 + POST No Image

Македонската научничка Светлана Мојсов е именувана за Clarivate Citation Laureate - предвесник за Нобелова награда

SHARE
0

Македонската научничка д-р Светлана Мојсов, чии пионерски истражувања на пептидите ги поставија темелите за развоj на револуционерната класа лекови за диjабетес и дебелина, меѓу кои Оземпик и Вегови, е прогласена за „Citation Laureate“ за 2026 година од престижната аналитичка компаниjа Clarivate.

Македонската научничка Светлана Мојсов е именувана за Clarivate Citation Laureate - предвесник за Нобелова награда

Мојсов, Даниел Џ. Друкер и Јенс Јул Холст се одликувани за GLP-1

Ова високо признание во категориjата физиологиjа или медицина Мојсов го дели со неjзините научни колеги Даниел Џ. Друкер од Универзитетот во Торонто и Јенс Јул Холст од Универзитетот во Копенхаген. Триото е одликувано за епохалната идентификациjа и карактеризациjа на пептидот сличен на глукагон-1, познат како GLP-1, и за темелните анализи на неговата биолошка активност во човечкиот организам.

Мојсов, Даниел Џ. Друкер и Јенс Јул Холст се одликувани за GLP-1

Clarivate пребарува над 67 милиони трудови, а избира од топ 0,02 проценти

Звањето „Citation Laureate“ им се доделува на научници чиj истражувачки труд има толку големо влиjание врз светската наука што се сметаат за главни фаворити за добивање на Нобеловата награда. Аналитичкиот систем на Clarivate опфаќа база од над 67 милиони научни трудови обjавени од 1970 година наваму, а лауреатите се избираат од елитната група автори кои влегуваат во топ 0,02 проценти најцитирани истражувачи во светот. Од почетокот на оваа програма во 1989 година, дури 89 научници претходно прогласени за Citation Laureates подоцна ја освоиле Нобеловата награда.

Clarivate пребарува над 67 милиони трудови, а избира од топ 0,02 проценти

Во лабораторијата на нобеловецот Брус Мерифилд започнал патот до активниот облик на GLP-1

Научниот пат на Светлана Мојсов започнува на Универзитетот Рокефелер во Њујорк во средината на 1970-тите години, каде што работела на хемиска синтеза на пептиди во лабораториjата на нобеловецот Брус Мерифилд. Подоцна, за време на неjзината работа во Општата болница во Масачусетс, Mass General, таа го открива и синтетизира клучниот активен облик на пептидот GLP-1 и докажува дека тоj ја стимулира секрециjата на инсулин. Денес таа е професорка на Универзитетот Рокефелер.

Во лабораторијата на нобеловецот Брус Мерифилд започнал патот до активниот облик на GLP-1

Од Time 100 до Националната академија на науките на САД

Во последните две години д-р Мојсов доби низа од најпрестижните светски награди за неjзиното научно откритие. Меѓу нив се наградата Pearl Meister Greengard за 2024 година, уврстувањето во 100-те највлиjателни луѓе на списанието Time за 2024 година, наградата Tang за 2024 година, шпанската награда Princess of Asturias за 2024 година, престижната Lasker-DeBakey клиничка медицинска награда за 2024 година, наградата Breakthrough во животни науки за 2025 година, медалот од Националната медицинска библиотека на САД за 2025 година, наградата King Faisal за 2026 година, како и неjзиниот избор за редовен член на Националната академиjа на науките на САД во 2025 година.

Од Time 100 до Националната академија на науките на САД

-->