No Image x 0.00 + POST No Image

Македонци измамиле мајка од Врање: Ѝ јавиле дека ќерка ѝ е тешко повредена во Шпанија, па ѝ зеле над 25.000 евра

SHARE
6

Жена од Врање останала без 23.000 евра и 240.000 српски динари, откако станала жртва на добро организирана телефонска измама. Измамниците ја убедиле дека нејзината ќерка доживеала тешка сообраќајна несреќа во Шпанија и дека итно се потребни пари. Според српската полиција, жената добила повик од непознат број, при што измамникот детално ѝ објаснил дека нејзината ќерка е повредена и дека парите се неопходни за итна медицинска интервенција. Во паника и страв, таа ги следела инструкциите и пред зградата оставила црна кеса во која имало 23.000 евра и 240.000 динари.

Македонци измамиле мајка од Врање: Ѝ јавиле дека ќерка ѝ е тешко повредена во Шпанија, па ѝ зеле над 25.000 евра

Уапсени при обид да ја напуштат Србија

По пријавувањето на случајот, српската полиција веднаш започнала истрага. Украдените пари биле пронајдени кај двајца државјани на Македонија, кои биле запрени при обид да ја преминат границата од Србија кон Македонија. Против двајцата ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнение за измама.

Уапсени при обид да ја напуштат Србија

Истиот ден имало уште пет обиди

Полицијата соопшти дека истиот ден уште пет жители на Врање пријавиле дека добиле речиси идентични телефонски повици од непознати броеви. За среќа, тие навреме ја препознале измамата, ја прекинале комуникацијата и не предале пари. Според српските медиуми и полициски извори, вакви телефонски измами во последниот период зачестиле во јужна Србија. Измамниците најчесто им се јавуваат на постари лица, лажно претставувајќи се како лекари, полицајци или здравствени работници, тврдејќи дека нивни блиски се тешко повредени во сообраќајни несреќи во странство и дека итно се потребни големи суми пари за лекување. Полицијата не ја исклучува можноста зад случаите да стои поширока организирана криминална мрежа. Надлежните повторно апелираат граѓаните никогаш да не предаваат пари по телефонски повици од непознати лица и секоја ваква информација најпрво да ја проверат преку директен контакт со своите блиски или со полицијата.

Истиот ден имало уште пет обиди

-->