No Image x 0.00 + POST No Image

Мајкрософт инвестира над милијарда долари во закопување фекалии за борба против загадувањето од вештачката интелигенција

SHARE
23

Мајкрософт вложува повеќе од милијарда долари во иновативен проект кој користи невообичаена технологија за длабоко закопување на отпадот, со цел да го намали загадувањето со јаглерод диоксид, предизвикано меѓу другото и од растот на вештачката интелигенција. Во соработка со компанијата Vaulted Deep, тие ќе преработуваат човечки и земјоделски отпад за да го претворат во маса која се инјектира на длабочина од околу 1,5 километри под земја.

Мајкрософт инвестира над милијарда долари во закопување фекалии за борба против загадувањето од вештачката интелигенција

Технологијата на Vaulted Deep: Од отпад до безбеден седимент

Иновативната метода на Vaulted Deep се состои во мешање на биолошки и органски отпад во густа маса, која потоа се вбризгува во длабоки геолошки слоеви. На овој начин, отпадот не доаѓа во допир со површината, со што се спречат испуштање на јаглерод диоксид, метан, како и контаминација на подземните води со патогени. Оваа технологија преставува решение и за долгогодишниот проблем на депонии и загадување на тлото и водата.

Технологијата на Vaulted Deep: Од отпад до безбеден седимент

Борбата против загадувањето има висока цена, но со голем ефект

Според проектот, за секој тон отстранет CO2, Мајкрософт плаќа околу 350 долари, а вкупната инвестиција може да надмине 1,7 милијарди долари. Ова му овозможува на технолошкиот гигант да ја намали својата јаглеродна трага и официјално да прикаже подобри еколошки резултати, во време кога ИТ индустријата е под зголемен притисок поради климатските промени.

Борбата против загадувањето има висока цена, но со голем ефект

Веќе функционира: Примерите од Лос Анџелес и Канзас

Оваа технологија веќе се користи во неколку американски градови, вклучувајќи ги Лос Анџелес и Дерби, Канзас. Поддршката од Мајкрософт ќе помогне во проширувањето на иницијативата на пошироко ниво, со што се надминуваат границите на експеримент и се внесува долгорочно решение за отпадот и јаглеродните емисии.

Веќе функционира: Примерите од Лос Анџелес и Канзас

Двојна добивка: Почист воздух, помалку отпад и поздрава иднина

Претставниците на Vaulted Deep истакнуваат дека нивната технологија не само што нуди ефикасно справување со отпадот, туку истовремено придонесува за климата и здравјето на населението. Со овој пристап, се отвораат нови можности за револуционерен однос кон проблемот со загадувањето и создавање поодржлива средина за сите.

Двојна добивка: Почист воздух, помалку отпад и поздрава иднина