No Image x 0.00 + POST No Image

Мајка почнала да пече колачиња што може да ги јаде нејзината ќерка со алергии, а денес собрала 30 милиони долари инвестиции

SHARE
20

Приказната за новото колаче на американската организација „Девојчиња извидници“ (Girl Scouts), кое излегува во продажба во јануари, не почнала во фабрика, ниту на состанок за нов вкус. Почнала со една ужина што испратила бебе во ургентен центар. Бебето била Вивиен, ќерката на Дениз Вудард. Ужината имала само две состојки: кикирики и пченка. Тогаш се покажало дека Вивиен е алергична на пченка, како и на јајца, јаткасти плодови и банани.

Мајка почнала да пече колачиња што може да ги јаде нејзината ќерка со алергии, а денес собрала 30 милиони долари инвестиции

Дениз Вудард не сакала Вивиен да биде „детето со алергии“

Вудард, која тогаш работела како директорка за продажба во „Кока-Кола“, веднаш си ја замислила својата ќерка како расте како „детето со алергии“ кое секогаш ги носи „ужините за алергични“, раскажала таа за списанието „Snack Food & Wholesale Bakery“. Понудата на производи без алергени во продавниците не ја импресионирала. Наместо да чека некој друг да направи нешто подобро, почнала сама да пече колачиња без најчестите алергени.

Дениз Вудард не сакала Вивиен да биде „детето со алергии“

Од автомобил до стартап, со вложена пензиска заштеда и свршенички прстен

Во 2016 година ја основала компанијата „Партејк“ (Partake), продавајќи ги колачињата од продавница во продавница директно од својот автомобил. На крајот ја напуштила работата во „Кока-Кола“ за целосно да ѝ се посвети на компанијата. За да ја одржи „Партејк“ во живот, ги вложила својата пензиска заштеда, па дури и свршеничкиот прстен. Од кујнска потреба, нејзината идеја станала личен ризик што немал план за враќање назад.

Од автомобил до стартап, со вложена пензиска заштеда и свршенички прстен

86 инвеститори кажале не, а првото да дошло од фондот на Џеј-Зи

Најмалку 86 инвеститори ја одбиле, открила Вудард за „Си-би-ес њуз“ во 2022 година. „Тоа го сфатив прилично лично“, признала таа. Првото „да“ пристигнало во 2019 година од фондот „Marcy Venture Partners“, чиј коосновач е раперот Џеј-Зи. Фондот предводел инвестициска рунда од еден милион долари. Според „Партејк“, со тоа Вудард станала првата Афроамериканка што јавно собрала еден милион долари за стартап за спакувана храна.

86 инвеститори кажале не, а првото да дошло од фондот на Џеј-Зи

Кога имале уште една вработена, таа веќе зборувала за колаче за „Девојчиња извидници“

Истата година, кога „Партејк“ имал точно уште една вработена, Вудард ѝ кажала дека еден ден ќе направат колаче за „Девојчиња извидници“. „Мислам дека си помисли оти сум го изгубила разумот“, се пошегувала Вудард за емисијата „TODAY“. Подоцна во компанијата инвестирале и музичките ѕвезди Ријана и H.E.R., а колачињата на „Партејк“ денес се продаваат во илјадници продавници.

Кога имале уште една вработена, таа веќе зборувала за колаче за „Девојчиња извидници“

„Girl Scout Sparkables“ се прават во погон без деветте главни алергени

Во септември, „Девојчиња извидници“ ги најавија „Girl Scout Sparkables“ — нивното прво колаче погодно за лица со алергии, развиено токму во соработка со „Партејк“. „Sparkables“ се крцкави овесни колачиња со парчиња чоколадо и шарени трошки. Тие се вегански и без глутен, а се произведуваат во погон во кој нема ниту еден од деветте главни прехранбени алергени: кикирики, јаткасти плодови, млеко, јајца, пченица, соја, риба, школки и сусам.

„Girl Scout Sparkables“ се прават во погон без деветте главни алергени

На 12 јануари почнува продажбата, но нема да ги има на штандовите

Колачињата излегуваат во продажба на 12 јануари, кога на национално ниво почнува сезоната на извиднички колачиња, или порано во регионите каде што локалната сезона започнува порано. Ќе се продаваат исклучиво онлајн со директна достава. Тоа значи дека нема да бидат достапни на штандовите. Како и кај другите колачиња на организацијата, приходите одат за локалните одбори и извиднички дружини.

На 12 јануари почнува продажбата, но нема да ги има на штандовите

Вивиен сега е шесто одделение и ќе ги продава колачињата што почнале од нејзината алергија

Една од извидничките што ќе ги продава овие колачиња ќе биде и самата Вивиен. Таа денес е шесто одделение. Во интервју по повод десетгодишнината на „Партејк“ ова лето, таа изјавила: „Ме прави среќна кога знам дека и други деца можат да се чувствуваат вклучени како мене“.

Вивиен сега е шесто одделение и ќе ги продава колачињата што почнале од нејзината алергија

-->