Никој не ѝ верува дека има 74 години. Бабата со смел стил и младешки изглед стана интернет сензација
Јингзи од Шангај најпрвин привлече внимание на интернет со видеа во кои танцува на улица во високи потпетици или позира во различни модни комбинации. Но неодамна таа прерасна во вистински феномен на социјалните мрежи благодарение на младешкиот изглед, модниот стил, самоуверениот став и позитивната енергија. „Отсекогаш сум верувала дека годините се само бројка. Важно е духот да остане млад“, рече Јингзи во интервју, додавајќи дека клучот за младешки изглед не е во скапата козметика, туку во самодовербата и во тоа човек да живее по свои правила.
In This Article:
Без храна по 17 часот, со супи, зелен зеленчук и протеини пред јаглехидрати
Иако нејзиното објаснување звучи едноставно, зад невероjатниот изглед стои многу дисциплиниран начин на живот. Денот го започнува со еден час јога, а во исхраната им дава предност на супи, зелен зеленчук и храна богата со протеини пред јаглехидратите. Оваа рутина, според неа, не е краток режим за камера, туку секоjдневна навика што годините ги прави помалку видливи од енергиjата со која се движи низ животот.
Од менаџерка во градинка до кинески ресторан во Јапониjа
Јингзи се интересирала за убавина и мода уште како дете, но никогаш не размислувала тие интереси да ги претвори во кариера. Работела како менаџерка во детска градинка пред во 1980-тите да се пресели во Јапониjа со сопругот и синот. Таму се вработила во ресторан, каде што со години ги усовршувала своите вештини. Подоцна отворила сопствен кинески ресторан во Јапониjа и била претставена во популарно списание, но на крајот се вратила во татковината.
По 70-тиот роденден зачекори на писта во Шангајски Дизниленд
Во 2022 година, по навршувањето 70 години, Јингзи се приклучила на „Beijing Fashion Grandmas“, модна група чии членки во просек имаат најмалку 65 години. Како дел од групата, го исполнила детскиот сон да оди по модна писта како модел. „Годините не се пречка туку предност, сакам да живеам убаво до 120 години“, неодамна рече Јингзи.