No Image x 0.00 + POST No Image

Не баш научно докажано: Луѓето кои живеат покрај океан живеат подолго!

SHARE
20

Дали е можно едноставното живеење покрај морскиот брег да го продолжи животот? Ново големо истражување открива вознемирувачки факт: луѓето кои имаат домови крај море живеат најмалку една година подолго од просекот. Науката сè уште нема одговор – зошто е тоа така?

Не баш научно докажано: Луѓето кои живеат покрај океан живеат подолго!

Научното истражување: Живеење до океан значи подолг живот, но живеење до река или езеро не

Истражувачи од Државниот универзитет во Охајо анализираа податоци за 66.263 луѓе и нивната близина до водни површини. Резултатите беа јасни: само жителите на морскиот брег живеат подолго, додека оние во градови до реки и езера често имаат пократок животен век, просечно до 78 години, наспроти 80 години за „морските“ жителите.

Научното истражување: Живеење до океан значи подолг живот, но живеење до река или езеро не

Што ги прави брегот и морето поспецијални од останатите сини простори?

Научниците мислат дека повеќе фактори имаат улога: помалку екстремни температури, подобар квалитет на воздух, повеќе можности за рекреација, како и повисок социјален статус – затоа што куќите на брегот се поскапи. Сето ова може да придонесе за подолг, поздрав живот.

Што ги прави брегот и морето поспецијални од останатите сини простори?

Градската околина ја поништува предноста од животот покрај вода

Иако природата влијае позитивно на здравјето, во урбаните средини користа од сини простори паѓа во сенка поради загадување, сиромаштија, недостаток на безбедни опции за движење и опасности од поплавување. Во руралните подрачја до езера и реки, жителите сепак имаат малку подолг животен век – но, не како тие покрај морето.

Градската околина ја поништува предноста од животот покрај вода

Морскиот воздух навистина го продолжува животот?

Податоците јасно покажуваат врска, но не и причинско-последична врска. Останува прашањето: Дали чистиот морски воздух и начинот на живеење крај море се тајната на долговечноста, или има уште невидливи фактори? Истражувачите велат: ова е само дел од сложената слика за животниот век.

Морскиот воздух навистина го продолжува животот?