No Image x 0.00 + POST No Image

Ризик јак, мила душа: Момче ѝ предложи брак на својата сакана пред џиновско торнадо

SHARE
25

„Најромантичното“ запросување што интернетот го памети: Брајс, младо момче од Јужна Дакота, клекна на едно колено, неколку метри непосредно пред гигантско торнадо – и ја потресе јавноста низ целиот свет.

Ризик јак, мила душа: Момче ѝ предложи брак на својата сакана пред џиновско торнадо

Страста кон ураганите ги поврзува Брајс и Пејџ

Брајс и неговата девојка Пејџ не ги спојува само љубовта, туку и заедничката опсесија со ураганите. Заради таа страст, Брајс се одважи да го постави прашањето што менува живот на најнеочекуваното место – сред ураганска бура.

Страста кон ураганите ги поврзува Брајс и Пејџ

Запросувањето се случи среде „лов на торнадо“

При еден од заедничките „ловови“ на торнадо, додека пред нив се формираше моќен атмосферски вртлог, Брајс клекна на колено. Моментот го долови нивна пријателка и истомисленичка што исто така се фасцинира од овие природни феномени. Пејџ не го остави Брајс да чека – веднаш рече ДА! Истото торнадо од фотографиите, патем, подоцна уништило до темел двокатна фарма и направило голема штета на повеќе селски објекти во близина на местото на снимките.

Запросувањето се случи среде „лов на торнадо“