No Image x 0.00 + POST No Image

Нов вид на љубов: Сопствениците на кучиња или одат секаде со нивните миленици или не мрдаат никаде!

SHARE
21

Сопствениците на кучиња ширум светот одбираат да ги откажат летните патувања и вечери со пријатели, наместо да ги остават милениците сами или да плаќаат скапи аранжмани за да им се придружуваат насекаде.

Нов вид на љубов: Сопствениците на кучиња или одат секаде со нивните миленици или не мрдаат никаде!

Млади парови одбиваат семејни собири и излегувања без кучињата

Џордан Коен и Кристина Силиковски, двојка од Њујорк, решиле да го намалат излегувањето затоа што нивното куче не е добредојдено на семејните собири. „Само почнавме да кажуваме дека не можеме да дојдеме", вели Кристина. Тие не се единствени – многу други луѓе го адаптираат социјалниот живот според кучињата.

Млади парови одбиваат семејни собири и излегувања без кучињата

Њујорк поради ова стана pet friendly оаза

Ресторанот Sojourn Social стана омилена точка за сопствениците на кучиња, со специјални часови за кучиња и бесплатни чинии за нив. Луѓето ги носат кучињата како членови на семејството дури и во кафулињата. Истражувањата покажуваат дека речиси половина од сопствениците доживуваат анксиозност ако патуваат без миленикот, а 54% се грижат дека кучињата ќе се чувствуваат напуштени.

Њујорк поради ова стана pet friendly оаза

Емоционалната врска е скапоцена, но е и скапа: Милениците добиваат сè посебни третмани и услуги

Многумина се поврзани со милениците исто како со членови на семејството. Некои ги носат во салон за масажи со лаванда и не би се качиле во авион без нив. 2Емоционалниот трошок е поголем од финансискиот", вели директор на една од авиокомпаниите што поддржуваат патување со миленици.

Емоционалната врска е скапоцена, но е и скапа: Милениците добиваат сè посебни третмани и услуги